Наум Веслиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Наум Ташков Василевски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Наум Ташков Веслиевски - Овчарот (1921 - 28 декември 1972) е македонски партизан, потполковник од НОВЈ и деец на НОВМ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1921 година в ресенското село Златари. Во текот на 1941 година станал член на СКОЈ, а од наредната година и на КПЈ. Од 1942 година е заменик-командир на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а на 18 јуни 1943 година е назначен за командир на Партизански баталјон „Мирче Ацев“. Од март до 6 јуни 1944 година е политички комесар на Третата македонска ударна бригада, а пред тоа е нејзин заменик-командир.[1] Делегат е на Првото заседание на АСНОМ. На 25 септември 1944 станала командир на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ, а наредната година и на 48. македонска дивизија на НОВЈ.

По Втората светска војна во периодот 1945-1947 година учел во воената академија Фрунзе во Москва. По враќањето е назначен за командир на трета ударна бригада. Осомничен во врска со резолуцијата на Информбирото, запаѓа во криза и е примен во психијатриската клиника во Бардовци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вестник Офицер, бр. 5, 2001, стр. 3
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 270