Нарцис (Караваџо)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нарцис
Narcissus
Италијански: Narciso
Творец Caravaggio
Година 1597–1599
Димензии 110 см × 92 см
Место Националната галерия за античка уметност (Италија)

Нарцис е – слика, масло на платно од Микеланџело Мериси да Караваџо, насликана е околу 1597–1599 година, а е изложена во Националната галерија за античка уметност (Италија) во Рим.[1].

Ова е една од двате познати слики на Караваџо на тема од класичната митологија. Нарцис, според поетот Овидиј во „Метаморфози “, е симпатичен младич која се вљубуваа во сопствениот одраз. Не можејќи да се оддели од себе, тој умира од својата страст, па дури и додека ја преминува реката Стикс тој продолжува да гледа во сопствениот одраз [2].

Опис[уреди | уреди извор]

Караваџо насликал младич облечен во елегантен брокатен дублет, потпрен со двете раце над водата, додека гледа во оваа своја искривена рефлексија. Во сликата е присутна меланхолија: фигурата на Нарцис е заробен во својот одраз, опкружена со темнина, така што единствената реалност е во овој лавиринт е самиот тој. Литературниот критичар од 16 век, Томасо Стиглијани го објаснил современото размислување, дека митот за Нарцис „јасно го покажува несреќниот крај на оние кои премногу ги сакаат своите дела и постапки“[3].

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата ги содржи основните стилски карактеристики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Чувство за атмосферата . Ова е една од редките слики на Караваџо, која е синтеза на интимнаата и митолошката тема. Неговиот стил е своевиден ран барок во кој се насетуваатдури и некои елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски реализам. [4].

Техника на сликање[уреди | уреди извор]

Караваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја припремал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите. Во ова дело, тој уште повеќе го затемнува колоритот, сметувајчи го колоритот во доминантно црна површина со светлосни акценти кои ја наговестуваат драматичната заробеност на ликот во сопствениот одраз.[5].

Влијание[уреди | уреди извор]

Во рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рејн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа), но, во ова дело се чувствува и далечно наговестување на импресионистичката директност а директно влијание врз исликарството како и на мајсторите на подоцнежните митолошки сцени.сцени[6].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • CARRASAT, Patricia: Maestros de la pintura, Spes Editorial, S.L.2005. ISBN 84-8332-597-7
  • . musée https://www.barberinicorsini.org/opera/narciso/. Занемарен непознатиот параметар |site= (help); Занемарен непознатиот параметар |langue= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |titre= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help) : fiche de l’œuvre au musée du palais Barberini.
  • André Berne-Joffroy, Le Dossier Caravage : Psychologie des attributions et psychologie de l’art, Paris, Flammarion, збир. « Champs arts », 2010 (Предлошка:1reПредлошка:Éd. 1959, éditions de Minuit), 714Предлошка:Nb p. ISBN 978-2-08-124083-4 , réédition annotée par Arnauld Brejon de Lavergnée (coll. « Idées et recherche ») en 1999 puis mise à jour pour l'édition de 2010.
  • Laurent Bolard, Caravage : Michelangelo Merisi dit Le Caravage, 1571-1610, Paris, Fayard, 2010, 282Предлошка:Nb p. ISBN 978-2-213-63697-9 Предлошка:Lire en ligne Предлошка:Présentation en ligne .
  • Mina Gregori, Luigi Salerno, Richard Spear Предлошка:Et al., The Age of Caravaggio: [exhibition held at the Metropolitan museum of art, New York, February 5-April 14, 1985 and at the Museo nazionale di Capodimonte, Naples, May 12-June 30, New York, Milan, The Metropolitan Museum of Art et Electa Editrice, 1985, 367Предлошка:Nb p. ISBN 0-87099-382-8 Предлошка:Lire en ligne  : catalogue des expositions du Metropolitan Museum of Art (New York) et du Museo Nazionale di Capodimonte (Naples) en 1985.
  • Gérard-Julien Salvy, Le Caravage, Gallimard, збир. « Folio biographies », 2008, 317Предлошка:Nb p. ISBN 978-2-07-034131-3 .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]