Бах (Караваџо)
Изглед
| Италијански: Бако | |
| Творец | Караваџо |
|---|---|
| Година | 1596 |
| Димензии | 95 см × 85 см |
| Место | Уфици, Фиренца |
Бах (околу 1596 г.) — маслена слика од италијанскиот барокен мајстор Микеланџело Мериси да Караваџо (1571–1610) нарачана од кардиналот Дел Монте. Сликата го прикажува младиот Бах, во класична поза, со грозје и лисја од лозови набори во неговата коса. На камена маса пред него е сад со овошје и голем карафи со црвено вино. Тој држи плитка чаша со исто вино, поканувајќи го гледачот да му се придружи. Сликата во моментот се чува во галеријата Уфици во Фиренца.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bacchus | Artworks | Uffizi Gallery“. Архивирано од изворникот на 2019-04-17. Посетено на 2020-04-25.