Света Катерина (Караваџо)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Света Катерина Александриска
италијански: Santa Caterina d'Alessandria
Творец Караваџо
Година околу 1598
Димензии 173 см × 133 см
Место Музеј Тисен-Борнемиса, Мадрид

Света Катарина Александриска (околу 1598 година) — маслена слика (173х133 см) од италијанскиот барокен мајстор Караваџо, насликана од 1598 - 1599 година . Таа е дел од колекцијата Тисен-Борнемиза во Мадрид.

Историја и опис[уреди | уреди извор]

Сликата била дел од колекцијата на кардиналот Франческо Марија Дел Монте, која што била каталогизирана во 1627 година[1] Светицата, заедно со Марија Магделена, биле меѓу омилените на кардинал.

Според Алесандро Зукари, таа била насликана на предлог на кардиналот кога Караваџо живеел со него во Палацо Мадама.

Како модел за светецот, Караваџо контроверзно ја избрал Филиде Меландрони, позната римска проститутка во која се вљубил и која му создала многу проблеми. Таа повторно му била модел во Марта и Марија Магдалена, Јудита го обезглавува Холоферн и во еден портрет изгорен во Берлин за време на Втората светска војна.[2]

Приказна за Света Катерина[уреди | уреди извор]

Света Катерина Александриска била популарна фигура во католичката иконографија. Нејзините квалитети би требало да се оние на убавината, бестрашноста, невиноста и интелигенцијата. Таа била од благородно потекло и го прифатила христијанството откако имала визија . На 18-годишна возраст се соочила со римскиот цар Максим (се претпоставува дека ова се однесува на Галериј Максимијан), дебатирала за неговите пагански филозофи и успеала многу од нив да ги претвори во христијанство. Затворена од царот, таа ја преобразила неговата царица и водач на неговите војски. Максим ги погубил своите преобратени (вклучително и царицата) роднини и наредила самата Катерина да биде убиена на шилесто тркало . Тркалото наводно се разбило во моментот кога таа го допрела. Потоа и била отсечена главата.

Таа станала светец-заштитник на библиотеките и библиотекарите, како и на наставниците, архивистите и сите оние кои се поврзани со мудроста и учењето. Традиционално се смета дека годината на нејзиното мачеништво е 305 година (година на голем прогон на христијаните под Галериј), а нејзиниот празник се славил на 25 ноември.

Во 1969 година црквата ја отстранил од календарот на светците, убедена од огромното мислење на историчарите дека таа веројатно никогаш не постоела. До 2002 година, додека мнозинството историчари не се предомислиле, Црквата го сменила тоа и нејзиното празнување било вратено назад.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sul dipinto del Caravaggio e l'iconografia religiosa nell'età della Controriforma, Alessandro Zuccari, Storia e tradizione nell'iconografia religiosa del Caravaggio, in Michelangelo Merisi da Caravaggio. La vita e le opere attraverso i documenti, a c. di Stefania Macioce, Roma, Logart, 1995, pp. 289-308; (pp. 289-291)
  2. Su Fillide, Riccardo Bassani, Flora Bellini, Caravaggio assassino, Roma, 1994, p. 26, n. 20. Peter Robb, M L'enigma Caravaggio, cit., pp. 95-97. Il ritratto scomparso a Berlino, che Fillide restituì al suo amante fiorentino, Giulio Strozzi, era nell'inventario Giustiniani ancora nel 1638, quando si trova citato come "cortigiana Fillide", cfr. C.L. Frommel, cit., p. 25, Maurizio Marini, Michelangelo Merisi da Caravaggio, cit., pp. 391 e ss.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]