Мостарска Бијела

Координати: 43°28′58″N 17°48′37″E / 43.4827° СГШ; 17.8104° ИГД / 43.4827; 17.8104
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мостарска Бијела
Бијела
Долината на Бијела
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Местоположба
ДржаваБосна и Херцеговина
ОпштинаМостар
Физички особености
Извор 
 • местоПрењ
 • координати43°33′58″N 17°48′20″E / 43.5660886° СГШ; 17.8055334° ИГД / 43.5660886; 17.8055334
УстиеСалаковачко Езеро (Неретва)
 • место
Бијела
 • координати
43°28′58″N 17°48′37″E / 43.4827° СГШ; 17.8104° ИГД / 43.4827; 17.8104
Особености на сливот
ТечениеНеретваЈадранско Море
Притоки 
 • левиЦрвени Поток, Буќевац, Дреновац
Водни телаСалаковачко Езеро
Водопадиниза на неименувани подземни водопади во рамки на пештери по текот

Мостарска Бијела или едноставно Бијела (во превод: Бела) ― планински поток и клисура во Босна и Херцеговина. И покрај слабиот проток и релативно краткиот тек, оваа река зазема значајно место во геологијата и хидрологијата на динарскиот карст во Босна и Херцеговина.

Географија[уреди | уреди извор]

Сливот на Бијела со вештачкиот резервоар Неретва - Салаковац го покрива устието и околу 1 километар од реката.

Мостарска Бијела е лева притока на реката Неретва. Започнува од југозападните падини на планината Прењ, каде што се нарекува Горња Бијела и тече во правец од север кон југ-југозапад и се влева во Неретва кај селото Бијела во регионот на Дрежница Доња и Салаковац.

Ретка геологија[уреди | уреди извор]

Реката Мостарска Бијела правина ретка и единствена карстна геолошка особеност, која наликува на понорница со полуподземен тек налик на кањон. Она што е уникатно овде, во случајот на Мостарска Бијела, е тоа што пештерскиот покрив на нејзиниот подземен дел е отворен на површина во облик на многу тесен јаз на многу места, доволно само за мала количина на светлина да навлезе во кавернозното речно течение. Иако многу тежок подземниот тек е сè уште прооден, а со тоа и привлечен за туристите, планинарите, особено за искачувачи по кањони и спелеолози.

Еколошка контроверзност на автопатот А1 коридор Вц[уреди | уреди извор]

Траса на автопатот А1 Ц5 низ Босна и Херцеговина.

Според првата варијанта на предложената траса на нов автопат низ Прењ, долините на Коњичка Бијела и Мостарска Бијела требале да бидат силно погодени, каде што немало да остане многу од нејзината природна средина. Убавите карстни појави на длабоки кањони, подземни водопади и пештери во долината на Мостарска Бијела ќе бидат уништени или барем покриени со асфалт, бетон или камен од тунелите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]