Мозелфранконски дијалекти
Мозелфранконски | |
---|---|
Застапен во | Германија, Франција, Белгија |
Подрачје | Северна Рајна-Вестфалија, Рајнска област-Пфалц, Сар, Лорена, Лиеж |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | de |
ISO 639-2 | gem |
ISO 639-3 | – |
![]() |
Мозелфранконските дијалекти е група западни средногермански дијалекти, дел од среднофранконската јазична област.

Наречјето е присутно во јужниот дел на Рајнската област и покрај реката Мозел, од областа Зигерланд во Северна Рајна-Вестфалија, ширум Рајнската област-Пфалц и Сар, јужниот дел на германската заедница во Белгија па сè до соседниот француски депарман Мозел и трансилваниската област на Романија, пред сè заради големите преселби на т.н. „трансилваниски Саксонци“ помеѓу 1100 и 1300 г., главно од подрачјата кајшто тогаш се говорел мозелфранконскиот говор.
Јазици
[уреди | уреди извор]Некои го сметаат луксембуршкиот јазик за вид на мозелфранконски дијалект, додека пак други принаваат само дека луксембуршкиот образува дијалектен континуум со мозелфранконските дијалекти што се говорат на германската страна од границата. Франконските дијалекти во француска Лорена обично се нарекуваат лоренски франконски дијалекти. трансилванискиот саксонски што се говори во Романија денес е загрозен јазик.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Рајнскофранконски дијалекти — сродно соседно наречје
Литература
[уреди | уреди извор]- Werner König: dtv-Atlas Deutsche Sprache. dtv-Verlag, München (Munich) 2005; ISBN 3-423-03025-9
|