Германска заедница во Белгија
| Германска заедница во Белгија Deutschsprachige Gemeinschaft (германски) Communauté germanophone (француски) Duitstalige Gemeenschap (холандски) | |||
|---|---|---|---|
| Заедница на Белгија | |||
| |||
| Држава | |||
| Област | |||
| Основана | 1984 | ||
| Главен град | Ојпен | ||
| Управа | |||
| • Извршна власт | Влада на германската заедница во Белгија | ||
| • Владејачки партии (2014–2019) | ПроДГ, PS, PFF | ||
| • Министер-претседател | Оливер Паш (ProDG) | ||
| • Законодавна власт | Собрание на германската заедница во Белгија | ||
| • Претседател | Карл-Хајнц Ламберц (PS) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 854 км2 (330 ми2) | ||
| Население (1 јануари 2020)[1] | |||
| • Вкупно | 77,949 | ||
| • Густина | 0,091/км2 (0,24/ми2) | ||
| Ден на германската заедница | 15 ноември | ||
| Јазик | германски | ||
| Мреж. место | dglive.be | ||
Германска заедница во Белгија (германски: Deutschsprachige Gemeinschaft Belgiens, DG; француски: Communauté germanophone de Belgique; холандски: Duitstalige Gemeenschap van België) или Источна Белгија[2] (германски: Ostbelgien; француски: Belgique de l'est; холандски: Oost-België) — една од трите сојузни заедници на Белгија.[3] Зафаќа површина од 854 км2 во рамки на покраината Лиеж (германски: Lüttich) во Валонија, опфаќајќи девет од единаесетте општини на Ојпен-Малмеди. Традиционално се користат повеќе различни дијалекти, меѓу кои мозелфранконски. Населението во заедницата изнесува околу 78.000 жители, околу 7% од покраината Лиеж и околу 0,7% од вкупното население на Белгија.[1]
Заедницата се граничи со Холандија, Германија и Луксембург и поседува свое собрание и влада во Ојпен. Германската заедница во Белгија е составено од германските говорни подрачја на територијата која била припоена од Германија во 1920 година. Дополнително, во денешна Белгија има и други области каде германскиот се говори (разликата помеѓу германскиот, холандскиот, луксембуршкиот и лимбуршкиот е многу мала) кои припаѓале на Белгија и пред 1920 година, но моментално службено не се дел од германската заедница во Белгија: Блајберг-Велкенрат-Бален во североисточниот дел на покраината Лиеж и Арелерланд (градот Арлон и некои од неговите околни села во југоисточната покраина Луксембург). Меѓутоа, во овие области, германскиот јазик е во опаѓање поради растот на францускиот.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „On 1 January 2020, Belgium had 11,492,641 inhabitants“. Statistics Belgium. 2020-05-26. Посетено на 2021-02-08.
- ↑ „East Belgium - Official Tourism Website - East Belgium“. www.ostbelgien.eu. Посетено на 2021-08-24.
- ↑ „The German-speaking Community“. Dglive.be. Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 2014-06-11.
- ↑ Society for Threatened Peoples: gfbv.it
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Германска заедница во Белгија на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
- Страница на владата
- Страница на собранието
| ||||||||||||||||||||||||||||||
|