Михаил Докијан
Михаил Докијан | |
---|---|
Починал | 1050 Василик Ливас, во близина на Одрин |
Битки/војни | Ламбардско-нормански бунт во 1041 година, битка кај Василик Ливас |
Роднини | Исак I Комнин, Јован Комнин (зетови) |
Михаил Докијан [1][2] — византиски благородник и војсководец, кој се оженил со член од семејството Комнини. Бил активен учесник во борбите во Сицилија под водство на Ѓорѓи Манијак пред да замине во јужна Италија како катепан на Италија во 1040–41 година. Тој бил оптовикан откако бил двапати поразен во битки за време на Ламбардско-нормански бунт во 1041 година, одлучувачки момент при Норманското освојување на италија. Повторноп се споменува во 1050 година, борејќи се против походите на Печенезите во Тракија. Тој бил заробен за време на битката но успеал да го осакати печенескиот водач, по што бил убиен и осакатен.
Животопис
[уреди | уреди извор]Семејното име Докијан се претпоставува сека потекнува од Докија во Ерменија. Семејството се истакнало во средината на XI век, каде Михаил е еден од првите кои се спомнува.[3] На него се гледа како на Докијан кој се оженил со ќерката на Мануил Еротик Комнин и сестра на идниот цар Исак I Комнин (1057–59), најверојатно околу 1030 години.[4] Заедно, тие имале син, Теодор Докијан.[5] Според Јован Скилица, Михаил Докијан бил скромен човек и не бил погоден водач,[6][7] а според Константин Варзтој своето издигнување како службеник го должел на неговите семејни врски со семејството Комнини.[7] Познато е дека бил богат, и дека поседувал имоти во Пафлагонија, најверојатно придружни или дел од семејните имоти на Комнини во таа област.[3][8]
Во Италија
[уреди | уреди извор]Михаил Докијан првпат се споменува во 1040 година, како протоспарт и дукс, кога бил испратен во јужна Италија да ја преземе командата на месната византиска област како катепан на Италија.[7]Претходно, тој веројатно бил член на походните сили на Ѓорѓи Манијак испратени да ја освојат Сицилија во 1038 година.[9] Докијан пристигнл во Италија во ноември 1040 година, и ситуацијата која ја затекнал била критична: неговиот претходник Никифор Докијан, најверојатно негов роднина, бил убиен во јануари крај Асколи при бунтот на неговите трупи, по што следел бунт во Таранто и освојувањето на главниот град, Бари, од Аргириј, син на ламбардскиот водач Мел. Докијан ги обесил иили пка ослепил водачите на различните бунтови, но не успеал да го реши главниот проблем, широко распостранетото незадоволство од зголемените даноци поради подготовките за сисилискиот поход на Манијак.[9][10] Докијан исто така му ја понудил стратешката тврдина во Мелфи на миланскиот платеник Ардуин, со титула топотерет. Ардуин служел претходно под византиска команда како дел од норманскиот контингент, но бил камшикуван поради спорот поврзан со поделбата на пленот одземен од арапите во Сицилија (Вилијам Апулски тврди дека ова било сторено од страна на Докијан, но можно е да било сторено од некој од неговите претходници, како на пример Ѓорѓи Манијак). Ардуиновиот гнев спрема византијците вродил со плод. Тој побарал помош од норманите кои биле во близина на Аверса од 1030 година, и му се придружило засилување од 300 луѓе, откако им ветил дека добивката ќе ја подели со нив. Па така во март 1041 години тој и неговите луѓе го освоиле Мелфи. Жителите првично му се спротивставиле, но сепак на крајот Ардуин ги придобил.[9][11][12]
Бунтовниците набрзо ја прошириле својата контрола над блиските градови Веноза, Асколи и Лавело. Докијан, кој штотуку ја воспоставил контролата на Бари во пошироката област, марширал да се сретне со набрзина собрана и нецелосна сила: поголемиот дел од царкста војска бил сè уште во Сицилиа, па така Скилица пишува дека Докијан со себе ги понел осикијанските и дел од тракијските воени сили, додека пак други извори споменуваат дека со себе понел и дел од варјашката стража. Двете армии се судриле кај реката Оливенто, каде Докијан бил поразен битката која се одвивала на 17 март.[9][12][13] Бунтовниците подоцна се упатиле кон југ кон крајбрежјето, и на 4 мај ги поразиле уште еднаш византиските војски под водство на Докијан во уште една битка близу Кана, поле на кое се одвивала и познатата битка од 216 п.н.е и Прва норманска битка во јужна Италија во 1018 година. Според Барските анали, со очиглено претерување, дека 2.000 нормани поразиле 18.000 византијци, но кои и да биле вистинските бројности не делува дека византиските сили значително ги надбројувале противниците. И самиот Докијан за малку ќе бил заробен за време на битката кога паднал од својот коњ, но бил спасен од неговиот помошник.[9][12][14] По завршетокот на битката, двете страни мирувале. Ламбардите и норманите најверојатно биле истоштени и можно е да доживеале тешки загуби, додека пак византијците се прегрупирале: Докијан бил отповикан и заменет од Ексавгуст Војоан, додека пак гарнизоните во Сицилија се повлекле во Италија за да го задушат бунтот.[15]
Повлекувањето на царките сили од Сицилија довело до брз распад на царскте сили кои биле таму. Под водство на Манијак, византијците го освоиле источниот дел на островот , но до 1042 година, само Месина остананала под византиска контрола.[9] Во Италија, Војоан не бил ништо подобар од својот претходник,бидејќи бил поразен и заробен во Битката кај Монтепелосо во септември. Овие последователни порази го означиле почетокот на крајот на византиското владеие во јужна Италија, процес кој завршил три децении подоцна со падот на градот бари под владение на Роберт Гвискар.[9]
Во Тракија
[уреди | уреди извор]Докијан повторно се споменува во 1050 година, кога бил именуван како патрик и вестарх, како дел од царските походи против Печенезите кои пљачкосувале низ тракија. Царскиот главен водач, евнухот праипосит Константине, воено несикусен дворски миленик на царот Константин IX (1042–55), ги послушал советите за утврдување на воениот камп, но кога Печенезите се појавиле пред Едрене, тој одбил да го послуша советот на магистратот Константин Аријанит да почека и да ги нападне Печеназите при нивното враќање, тој одлучил да се сретне и да војува со нив на отвореното поле Василик Ливас, што довело до катастрофален пораз: Аријан згинал, додека пак Докијан бил заробен.[7][16][17]Како што бил носен пред печенескиот водач, Докијан, успеал да земе меч од стражата и замавнал кон водачот, отсекувајќи му една од рацете, настан по кој налутените Печенази го убиле, и според Михаил Ателијат, му го исекле стомакот, му ги исекле рацете и нозете и ги ставиле во стомакот.[18][19]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Chalandon 1907, стр. 96, 98.
- ↑ Norwich 1967, стр. 58.
- ↑ 3,0 3,1 ODB, "Dokeianos" (A. Kazhdan), pp. 644–645.
- ↑ Varzos 1984, стр. 47.
- ↑ Varzos 1984, стр. 49, 59–61.
- ↑ Wortley 2010, стр. 400.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Varzos 1984, стр. 48.
- ↑ Varzos 1984, стр. 47–48.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Ravegnani 2010.
- ↑ Loud 2013, стр. 79–80.
- ↑ Loud 2013, стр. 78–79, 92.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Wortley 2010, стр. 401.
- ↑ Loud 2013, стр. 80, 92.
- ↑ Loud 2013, стр. 92–93.
- ↑ Loud 2013, стр. 93.
- ↑ Wortley 2010, стр. 438–439.
- ↑ Kaldellis & Krallis 2012, стр. 59, 61.
- ↑ Kaldellis & Krallis 2012, стр. 61.
- ↑ Varzos 1984, стр. 48–49.
Извори
[уреди | уреди извор]- Chalandon, Ferdinand (1907). Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile (француски). Paris.
- Kaldellis, Anthony; Krallis, Dimitris, уред. (2012). The History - Michael Attaleiates. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. ISBN 978-0-674-05799-9.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно
|title=
(help) - Loud, Graham (2013). The Age of Robert Guiscard: Southern Italy and the Northern Conquest. New York: Routledge. ISBN 978-0-582-04529-3.
- Norwich, John Julius (1967). The Other Conquest. New York: Harper & Row.
- Ravegnani, Giorgio (2010). „MICHELE Dokeianos“. Dizionario Biografico degli Italiani, Volume 74 (италијански). Посетено на 10 March 2015.
- Varzos, Konstantinos (1984). The Genealogy of the Komnenoi Η Γενεαλογία των Κομνηνών (PDF) (грчки). A. Thessaloniki: Centre for Byzantine Studies, University of Thessaloniki. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2015-08-08.
- Wortley, John, уред. (2010). John Skylitzes: A Synopsis of Byzantine History, 811-1057. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-76705-7.
Претходник Никифор Докијан |
Катепан на Италија 1040–1041 |
Наследник Ексавгуст Војоан |