Аргириј (катепан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аргириј (1000–1068) — лангобардски благородник и византиски војсководач. Тој бил син на лангобардскиот херој Мел, тој е роден во Бари околу 1000 година.

По поразот на Мел, кој се побунил против византијците, и бил поразен во Битката кај Кана во 1018 година, Аргириј и неговата мајка биле заробени и однесени во Цариград како затвореници. Бил ослободен во 1038 година, кога се вратил во Апулија, и се бунтувал поради тоа што бил приморан да учествува во византиската инвазија на Сицилија. Лангобардските војски се вратиле со нивните нормански и варјашки пријатели во 1039 година, оттуѓени од Ѓорѓи Манијак.

Во 1040 година, лангобардите од јужна Италија се побуниле против византиските власти, со поддршка на нормански платеници, го заклале катепанот Никифор Докијан. Во март, бунтовниците ја постигнале првата победа, против новиот катепан, Михаил Докијан, во близина на Оливенто. На 3 септември 1041 година, го поразиле новиот катепан, Ексавгуст Војоан, синот на Василиј Војоан, и го заробил. Наскоро им се придружиле лангобардите и норманите од Мелфи под водство на Ардуин. Во февруари 1042 година, првичниот назначен водач, принцот на Беневенто Атенулф, брат на принцот на Беневенто, побегнал со парите за откуп за заробениот катепан бил заменет од Аргириј. По првичниот успех, Аргириј исто така пребегнал кај византијците. Се претпоставува дека парите кои биле примени како поткуп од Константин IX, кој најверојатно му пишал писма во кои му ја понудил титулата катепан на Италија.

Кога бунтот во Апулија бил сузбиен, од византијците, советувани од Аргириј, кој пак отпатувал до Цариград и ја примил титулата „Војвода на Италија, Калабрија, Сицилија, и Пафлагонија“, склопил сојуз со Папската Држава за да се справи со норманската закана во областа. Бил потпомогнат од Сико, кој бил протоспатариј. Аргириј ја командувал византиската армија, кои не се здружиле со папската војска при Битката кај Чивитате, во која нивните сили биле разбиени и папата Лав IX бил заробен.

Аргириј бил катепан сè до 1058 година. Малку се знае него по овој датум, тој најверојатно починал во 1068 годин во Бари, Виесте или Атела. Пред неговата смрт им доделил богато украсена облека на Фарфската опатија која сè уште постои.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • [John Julius Norwich The Normans in the South, 1016–1130. London: Longmans, 1967.
Претходник
Јован Рафаил
Катепан на Италија
1050–1058
Наследник
Мирјарх