Мирослав Краљевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирослав Краљевиќ
Роден 14 декември 1885
Госпиќ, Австроунгарија
Починал 16 април 1913
Загреб, Австроунгарија
Националност Хрват
Занимање сликар и вајар

Мирослав Краљевиќ (14 декември 1885, Госпиќ - 16 април 1913, Загреб) — хрватски модернистички сликар и вајар[1].

Краљевиќ студирал сликарство во Виена и Минхен заедно со Оскар Херман, Владимир Бечиќ и Јосиф Рачиќ. Оваа група хрватски уметници подоцна била наречена Минхенски, позната по нивното влијание врз модерната уметност во Хрватска.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мирослав Краљевиќ е роден на 14 декември 1885 година во Госпиќ, во областа Лика. Неговото рано детство до средното образование (1888 до 1902) го поминал во Загреб, иако го завршил средното училиште во Госпиќ (1902-1904). Покаѓувајќи љубов кон поезијата и музиката, и се разбира цртањето.

Есента 1906 година, се пресели во Минхен, каде што студирал на Академија за ликовни уметности. Во тоа време Минхен бил важен центар на европската уметничка сцена, особено за реализам, постимпресионизам, симболизам и југендстил.

По завршувањето на студиите во Минхен, тој се вратил кај своето семејство, кое се преселило се преселило во Пошега. ЗВо овој период го насликал антологиското дело „Автопортрет со куче “кко и многу други негови добро познати портрети, пејзажи и други дела со рустикални теми. Тој, исто така, се вратил кон неговиот интерес за скулптурата, содавајќи дела од глина, гипс и бронза[2].

Во 1911 година, добил државена стипендија за студирање во Париз. Се запишал на Академијата де ла Гранде Шаумиер, но, наместо тоа, започнал интензивно да се слика во атељеата на пријателите. Во овој период ги насликал и создал своите најдобри дела.

Во1912 година, се вратил во Загреб, каде ја организирал својата прва самостојна изложба, која имала ретроспективен карактер. Тука изнајмил ателје, каде што продолжил да слика до декември 1913 година. Потоа отишол во санаториум во Берстовец на лекување од туберколоза. После два месеци, тој ја напушти болницата за да се врати во Загреб, каде што почина два дена подоцна, на 16 април 1913 година од туберкулоза.

Творештво[уреди | уреди извор]

Bonvivant, 1912, омасло на платно, Модерна галерија во Загреб.[3]

Мирослав Краљевиќ создавал во многу различни стилови, вклучително и импресионизам, поентилизам и експресионизам. Исто така, тој станал познат по своите цртежи на гротескни или еротски ликовикако и со неговите експресионистички за неговите скулптури. Работел во повеќе техники, користејќи ги во сликањето и цртањето на портретите, фигурите, пејзажи, животни.Создавал и графички дела во дрворез како и скулптури во бронза, гипс, глина.[4].

Иако починал мошне млад, на 27 години, Краљевиќ оставил голем опус, создаден во скоро сите техники. Неговиот модернизам се одликува со оригиналност, изразита сензибилност, чувствителност, големо чувство за колористичка хармонија, композициска складност, силна линија и иновација во севкупниот израз. Тој е претставник не само на хрватската модерна туку и воопшто на средноевропскиот ликовен израз од тој период[5].

Поважни дела[уреди | уреди извор]

  • Автопортрет со куче, 1910 година., масло на платно
  • Крави на пасиште, 1910-11, масло на платно
  • Бик,1910-11. масло на платно
  • Во шталите, 1910-11, масло на платно
  • Автопортрет со луле, 1911-12, масло на платно
  • Мал автопортрет со палета, 1911-12,масло на платно
  • Bonvivant 1912 година, масло на платно
  • Девојка со кукла, 1912, масло на платно
  • Паркот во Луксембург, 1912, масло на платно
  • Жени во парк, 1912, масло на платно

Литература[уреди | уреди извор]

Horvat Pintarić, Vera. Miroslav Kraljević, Zagreb: Globus, 1985. ISBN 86-343-0095-1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Patricia Kiš, ZVONKO MAKOVIĆ PREDSTAVLJA SVOJ IZBOR, Miroslav Kraljević ‘izmislio’ je naše dvadeseto stoljeće, Jutarnji List, 2013.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kraljević, Miroslav
  2. „Zagreb's Modern Gallery“. Архивирано од изворникот на 2020-03-28. Посетено на 2020-03-28.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име moderngallery.
  4. collections
  5. „retrospektivа“. Архивирано од изворникот на 2020-03-28. Посетено на 2020-03-28.