Микулаш Галанда
Микулаш Галанда Mikuláš Galanda | |
---|---|
Роден(а) | 4 мај 1895 |
Починал(а) | 5 јуни 1938 | (возр. 43)
Националност | словачка |
Познат(а) по | сликарство, графика и илустрација |
Микулаш Галанда (словачки: Mikuláš Galanda), (Турчјанске Теплице, 4 мај 1895 - Братислава, 5 јуни 1938) — познат словачки сликар, графичар и илустратор, спаѓа во најзначајните претставници на словачката модерна уметност. Погребан е на Националните гробишта во Мартин.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Мала Вјеска близу Турчјанске Теплице. Од 1914 до 1916 година студирал на Академијата за ликовни уметности во Будимпешта. Во 1922 година студирал на Академијата за уметност, архитектура и дизајн во Прага каде студирал во класата на проф. Брунер. Од 1923 до 1927 година студирал на Академијата за ликовни уметности во Прага кај професорите Аугуст Бремсе и Франц Тиле.
Починал ненадејно на 5 јуни 1938 година во Братислава.
Кариера
[уреди | уреди извор]По завршените студии Микулаш Галанда работел како наставник во средна школа во Братислава, во 1933 година станал редовен професор во школата за уметнички занаети.
Во почетокот на триесеттите година на XX век излегол пред јавноста со пријателот Људовит Фул со манифестот „Приватни писма на Фул и Галанда“ во кои го изразиле мислењето дека треба да се заврши со старите уметнички методи и манири и дека треба да се направи простор за нови постапки и средства кои одговараат на модерниот човек на XX век.
Изложби и дела
[уреди | уреди извор]Освен многуте изложби по цела Чехословачка, своите дела ги излагал во Њујорк, Москва и во 1937 година на Светската изложба во Париз каде добил сребрен медал за книжна графика и илустрација.
Од 1991 година во Турчјанске Теплице, во неговиот дом, е отворена негова постојана изложба.
Меѓу неговите најпознати слики спаѓаат:
- Мајка
- Стоечки женски акт
- Словачко семејство
- Ајдуци
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Микулаш Галанда“ на Ризницата ? |
- Gymnázium Mikuláša Galandu v Turčianskych Tepliciach Архивирано на 1 октомври 2020 г.
|