Масакрот врз Латините

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Масакрот врз Латините
Карта на Константинопол во византиско време.
МестоКонстантинопол, Византија
Датумаприл 1182
ЦелРимокатолици ("Латини")
Вид на нападмасакар
Мртвинепознато
СторителиГрчки православни верници

Масакрот врз Латините претставува масакар врз римокатоличкото или латинското население на Константинопол во април 1182 година[1][2]. Латините во градот доминирале преку поморската трговија и во финансискиот сектор[1]. Иако нема прецизни извори, се смета дека нивниот број во градот бил околу 60,000[1]. Масакрот дополнително ги влошило односите меѓу западниот и источниот христијански свет[3].

Позадина[уреди | уреди извор]

Од крајот на 11 век, западните трговци, пред се од италијански градови-држави на Венеција, Џенова и Пиза, започнале со трговија кон истокот. Венеција обезбедила големи трговски концесии во времето на Алексиј I Комнин (1081–1118) кое во следните години резултирало со поморски монопол врз империјата од страна на Венеција[4]. Мануил I Комнин, внукот на Алексиј, започнал да ги намалува привилегиите на Венеција преку склучување на договори со нејзините ривали Пиза, Џенова и Амалфи. Постепено, на сите четири италијански градови-држави им било дозволено да основат свои квартали во северниот дел од градот на Златниот Рог.

Доминацијата на италијанските трговци предизвикало економски и социјални немири во Византија кое довело до падот на неколку независни локални трговци во корист на големите италијански извозници кое се повеќе ги проширувале своите имоти и богатства. Незадоволството кај локалното население се гледало и во верските разлики меѓу двете страни кое дополнително ги влошувало односите. Од друга страна Латините често имале неконтролирани дејства во престолнината. Така во 1162 година жителите од Пиза заедно со уште неколку Венецијани упаднале во населбата на Џеновјаните предизвикувајќи многу штета. По ова Мануел протерал голем број на Латини по потекло од Џенова и Пиза, и на тој начин на Венеција и било дадена слободна трговија за неколку години[5].

Во 1171 година, Венецијаните ги нападнале квартовите на Џенова, по кое Мануел наредил масовно апсење на сите Венецијани и конфискација на нивните имоти. По ова била спроведена венецијанска експедиција по море, која не успеала поради силата на византиските сили.[6]. По ова Венеција индиректно започнала да ги помага српските востанија, ја опседнале Анкона како последно упориште на Византија во Италија и потпишале договор со Норманите на Кралство Сицилија[7]. Во меѓувреме од спорот меѓу Византија и Венеција профитирале Пиза и Џенова.

Смртта на Мануел I и масакрот[уреди | уреди извор]

По смртта на Мануел I во 1180, неговата вдовица, латинската принцеза Марија Антиохиска делувала како регент на Алексиј II Комнин[1][8]. Нејзиното регенство било познато по фаворизирање на латинските трговци, па во април 1182 година била симната од власт од страна на Андроник I Комнин, кој имал подршка од населението. Прославата на новиот император се претворила во крвави пролевања низ градските улици кога било наредено влегување во латинскиот кварт и напаѓање на нивните жители.

Така во масовните убиства не биле поштедени ниту жените и децата, ниту пак латинските пациенти кои лежеле во нивните болнички кревети. Голем дел од куќите и црквите биле ограбени. Латинските свештеници добиле посебно внимание кога на кардиналот му била отсечена главата и влечена низ градските улици[9]. Иако самиот Андроник немал антилатински став, тој дозволил да продожи масакрот.

Последици[уреди | уреди извор]

Масакрот дополнително го влошил имиџот на Византијците на Запад иако продолжиле трговските договори. Во следните години следувала норманска експедиција на челсо со Вилијам II од Сицилија во 1185 година, кога градот Солун бил заземен како втор по големина град во империјата[10]. По ова следувале и заканите на западните лидери за напаѓање на престолнината. Така во 1204 година била организирана Четвртата крстоносна војна и градот паднал под латинска управа[11].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 The Cambridge Illustrated History of the Middle Ages: 950-1250. Cambridge University Press. 1986. стр. 506–508. ISBN 978-0-521-26645-1. http://books.google.com/books?id=1IhKYifENTMC. 
  2. Gregory, Timothy (2010). A History of Byzantium. Wiley-Blackwell. стр. 309. ISBN 978-1-4051-8471-7. 
  3. Vasiliev, Aleksandr (1958). History of the Byzantine Empire. 2, Volume 2. University of Wisconsin Press. стр. 446. ISBN 978-0-299-80926-3. 
  4. Birkenmeier, John W. (2002). The Development of the Komnenian Army: 1081–1180. BRILL. стр. 39. ISBN 90-04-11710-5. 
  5. Nicol, Donald M. (1992). Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations. Cambridge University Press. стр. 95. ISBN 978-0-521-42894-1. http://books.google.com/books?id=rymIUITIYdwC. 
  6. Nicol, Donald M. (1992). Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations. Cambridge University Press. стр. 97–99. ISBN 978-0-521-42894-1. http://books.google.com/books?id=rymIUITIYdwC. 
  7. Nicol, Donald M. (1992). Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations. Cambridge University Press. стр. 100. ISBN 978-0-521-42894-1. http://books.google.com/books?id=rymIUITIYdwC. 
  8. Nicol, Donald M. (1992). Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations. Cambridge University Press. стр. 106. ISBN 978-0-521-42894-1. http://books.google.com/books?id=rymIUITIYdwC. 
  9. Harris, Jonathan (2006). Byzantium and the Crusades, ISBN 978-1-85285-501-7, pp. 111-112
  10. Van Antwerp Fine, John (1994). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. University of Michigan Press. стр. 60. ISBN 978-0-472-08260-5. http://books.google.com/books?id=QDFVUDmAIqIC. 
  11. Carroll, Warren (1993). The Glory of Christendom, Front Royal, VA: Christendom Press, pp. 157, 131