Марк Леви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марк Леви
Marc Levy IMG 2644.JPG
Марк Леви
Роден/а 16 октомври 1961
Булон Бијанкур, Франција
Занимање писател
Државјанство Французин

Марк Леви (француски: Marc Levy, роден на 16 октомври 1961 во Булон Бијанкур — француски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Марк Леви е роден на 16 октомври 1961 во Булон Бијанкур во Франција. Ссвојот професионален пат го изградил во сосема поинаков правец за разлика од многу други писатели. На млади години, во 1979 година, започнал да работи за Црвен крст каде три години бил регионален директор, паралелно студирајќи менаџмент и компјутерски науки. Подоцна Леви основал фирма за графички дизајн во САД. Неколку години подоцна тргнал во друга насока формирајќи успешна компанија за внатрешен дизајн. Кога имал 37 години ја напишал својата прва книга.

Неговото прво дело „Што ако тоа беше вистина” доживеало и филмска адаптација од Стивен Спилберг, а денес неговите книги се преведени на повеќе од 42 јазици.

Дела[уреди | уреди извор]

  • 2000 : Et si c'était vrai...
  • 2001 : Où es-tu ?
  • 2003 : Sept jours pour une éternité...
  • 2004 : La Prochaine Fois
  • 2005 : Vous revoir
  • 2006 : Mes amis mes amours
  • 2007 : Les Enfants de la liberté
  • 2008 : Toutes ces choses qu'on ne s'est pas dites
  • 2009 : Le Premier Jour
  • 2009 : La Première Nuit
  • 2010 : Le Voleur d'ombres
  • 2011 : L'Étrange Voyage de monsieur Daldry
  • 2012 : Si c'était à refaire
  • 2013 : Un sentiment plus fort que la peur]]'
  • 2014 : Une autre idée du bonheur
  • 2015 : Elle et Lui]]
  • 2016 : L'Horizon à l'envers