Марко Лазетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Лазетиќ
Лични податоци
Роден на 22 јануари 2004 (2004-01-22) (19 г.)
Роден во Белград, Србија и Црна Гора
Висина 1.92 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан
Број 22
Младинска кариера
Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020–2022 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 15 (1)
2022– Милан Милан 0 (0)
Репрезентација
2019 Србија 19 4 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 декември 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 19 јуни 2022

Марко Лазетиќ (роден на 22 јануари 2004 година во Белград, Србија) — српски фудбалер кој настапува за екипата на ФК Милан а позиција напад.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

На 29 ноември 2020 година, на возраст од 16 години и 10 месеци, Лазетиќ го направил своето деби за Црвена Звезда од Белград откако влегол во игра во 76 минута, заменувајќи го Ричмонд Боаки против ФК Рад[1]. Натпреварот завршил со победа од 3–0 за Црвена Звезда[2].

Милан[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 2022 година, пет дена по неговиот 18-ти роденден, Лазетиќ му се приклучил на клубот од Серија А, Милан за сума за која се верува дека изнесува околу 4 милиони евра, потпишувајќи договор до јуни 2026 година[3]. Му бил доделен дресот со број 22 и се пријавил како играч на првиот тим[4]. Тој дебитирал за првиот тим на 19 април, во натпревар против меѓуградскиот ривал Интер, влегувајќи како замена во 86 минута[5]. На 22 мај 2022 година, кога Милан го освоил скудетото на последниот натпревар од сезоната во Серија А, на Лазетиќ му бил доделен победнички медал и покрај тоа што немал настапи во лигата.

Статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 19 април 2022[6]
Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварување
Клуб Сезона Лига Национален куп[б 1] Континентален куп Останато Вкупно
Лига Нат. Голови Нат. Голови Нат. Голови Нат. Голови Нат. Голови
ФК Црвена ѕвезда 2020–21 Суперлига 1 0 0 0 0 0 0 0 1 0
2021–22 Суперлига 14 1 0 0 2 0 0 0 16 1
Вкупно 15 1 0 0 2 0 0 0 17 1
Графичар (п) 2020–21 Прва лига 14 4 0 0 0 0 14 4
Милан 2021–22 Серија А 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0
Вкупно 29 5 1 0 2 0 0 0 32 5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Лазетић: За ово тренирам од када знам за себе“. crvenazvezdafk.com (српски). 29 November 2020. Посетено на 30 November 2020.
  2. „Crvena zvezda 3–0 Rad“. superliga.rs (српски). 29 November 2020. Посетено на 30 November 2020.
  3. „OFFICIAL STATEMENT: Marko Lazetić“. www.acmilan.com/en. 27 January 2022.
  4. „Marko Lazetić“.
  5. „Inter-Milan, esordio in prima squadra per Marko Lazetic | News“. Pianeta Milan (италијански). Посетено на 19 April 2022.
  6. Марко Лазетиќ на soccerway