МАРнет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логото на МАРНет

Македонска академска истражувачка мрежа или МАРНет — организција основана во 1995 година во рамките на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Основна функција на МАРНет е вклучување на универзитетот во семејството на сродни академски мрежи во Европа и во светот, како и обезбедување на семрежен пристап за студентите и предавачите на универзитетот. Со реализацијата на проектот МАРНет, односно со поврзувањето на универзитетската сметачка мрежа на семрежјето (интернет), многукратно се зголемил бројот на корисници и искористувањето на мрежата[се бара извор].

Во мрежниот информационен центар на МАРНет е регистриран врвниот домен за Македонија, доменот .mk. Во рамките на тој домен, МАРНет МИЦ може да регистрира поддомени на соодветни организации и установи.

Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата доделени од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен .mk. Во согласност со принципот на хиерархиско адресирање произлегува дека примарниот опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен .mk ги препознава и секундарните и терцијарните поддомени. Правото за нивно понатамошно администрирање МАРНет го доделува во согласност со механизмите на адресирање во МАРНет.

На 6 јуни 2014 година стапи во сила новиот Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен кој овозможува целосна либерализација на процесот на регистрација на домените. МАРНет овласти осум компании да управуваат со 30-те илјади регистрирани .мк домени. Ултра Нет, Тим Корпорејшн, Виртувио, МК Хост, Некст – М, Марцом Регистри, Веј Глобал ИТС и Процес Ин се првите одобрени регистрари кои ги исполнија техничките услови за да го преземат регистрирањето, додека МАРнет ќе биде само контролно тело, како што беше предвидено со либерализацијата на .мк доменот.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]