Лех Валенса
| Лех Валенса | |
|---|---|
| Претседател на Полска Втор претседател на третата република | |
| На должноста 22 декември 1990 – 22 декември 1995 | |
| Премиер | Тадеуш Мазовјецки, Јан Криштоф Бјелицки, Јан Олшевски, Валдемар Павлак, Хана Сучоцка, Јозеф Олекси |
| Претходник | Војќех Јарузелски (во земјата) Ришард Качоровски (гво прогонство) |
| Наследник | Александар Квашневски |
| Прв водач на Солидарност | |
| На должноста 1980 – 12 декември 1990 | |
| Претходник | нема |
| Наследник | Марин Крзаклевски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 29 септември 1943
Попово, Полска |
| Партија | Солидарност |
| Сопружник | Данута Валенса |
| Професија | електичар |
| Вероисповед | Католик |
Лех Валенса (полски: Lech Wałęsa) (роден на 29 септември 1943 во Попово, Полска) — полски политичар и поранешен синдикалец и активист за човекови права. Тој е еден од основачите на Солидарност (полски: Solidarność), првиот независен синдикат во земјите од источниот блок. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1983 година, а беше претседател на Полска од 1990 до 1995.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Валенса е роден во Попово, Полска на 29 септември 1943 година, како син на столар. Завршил основно и средно стручно училиште, пред да се вработи во пристаништето во Гдањск како електротехничар во 1970 година. Во 1969 се оженил со Данута Голош, со која има осум деца[1]. Неговиот син Јарослав Валенса е член на Сејм на Република Полска (долниот дом на полскиот парламент). Валенса е благочестив Католик, кој има изјавено дека верата секогаш му помагала, во времето на тешките моменти на организацијата „Солидарност.

Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „CNN Cold War - Profile: Lech Walesa“. CNN. Посетено на 2007-08-19.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||
|
- Родени во 1943 година
- Никулци за биографии
- Полски политичари
- Претседатели на Полска
- Добитници на Нобеловата награда за мир
- Полски нобеловци
- Носители на Големиот крст на Легијата на честа
- Носители на Претседателскиот медал на слободата
- Носители на Големиот крст од посебна класа на Орденот за заслуги за СР Германија