Крлук

Крлук или кривак — овчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата[2][3][4][5].
Овците може да се хранат на пасишта кои се несоодветни за крупниот добиток или за земјоделство, вклучувајќи ги и планинските терени. Искористувањето на овие пасишта довело до сезонска селидба на стоката. Јакиот, повеќенаменски стап се користел за одржување рамнотежа, испитување на опасни грмушки и за одбрана од напади на животни. Главната намена на кривакот е фаќање на овци.
Симболична употреба[уреди | уреди извор]

Крлукот се употребувал како религиозен симбол (особено во тешки прилики), вклучувајќи го епископскиот жезол
Музата на комедијата во старогрчката митологија, Талија, вообичаено била претставувана како држи крлук.
Крлукот и цепот (земјоделска алатка) биле фараонски обележја на авторитет.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Morris Eaves, Robert N. Essick, and Joseph Viscomi (уред.). „Songs of Innocence, copy B, object 4 (Bentley 5, Erdman 5, Keynes 5) "The Shepherd"“. William Blake Archive.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- ↑ „крлук“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кривак“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крлук“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кривак“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Крлук“ на Ризницата ? |