Кристина Тот
Изглед
Kристина Тот (унгарски: Tóth Krisztina), (1967, Будимпешта, Унгарија -) е современа унгарска писателка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Kристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска литература, а две години престојувала во Париз каде што добила стипендија. Од 1994 до 1998 година работела во Францускиот институт во Будимпешта. Во 1998 година започнала да се занимава и со изработка на витражи.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Поетските и прозните дела на Тот се преведени на повеќе европски јазици, а нејзиниот расказ "Студен под" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".
Нејзини поважни дела се:[1]
- Есенското палто се бранува (поезија), 1989 година
- Нишката на разговорот (поезија), 1994 година
- Лондонските мечиња (поезија за деца), 2003 година
- Баркод (кратки раскази), 2006 година.
Признанија
[уреди | уреди извор]Toт е добитничка на повеќе награди, како што се:[2]
- Споменицата "Миклош Радноти", 1989 година
- Наградата "Ѓула Иљеш", 1994 година
- Наградата "Тибор Дери", 1996 година
- Наградата "Атила Јожеф", 2000 година
- Наградата "Иштван Ваш", 2001 година
- Специјалната награда за поезија "Џузепе Ачерби", 2006 година
- Наградата "Шандор Мараи", 2007 година.