Прејди на содржината

Кремпау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кремпау (Кремпер Ау)
Кремпау во општината Зидерау
Место Шлезвиг-Холштајн, Германија
Должина 20 км
Извор јужно од Бранде-Хернеркирхен
Утока во Штер
53°30′29″N 9°16′08″E / 53.508° СГШ; 9.269° ИГД / 53.508; 9.269
Слив Елба
Одлив Штер → Северно Море

Кремпау (германски: Krempau; понекогаш Кремпер Ау) — јужна (лева) притока на реката Штер, во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Кремпау е последната притока на Штер пред нејзиното влевање во Елба. Долга е околу 20 километри, вклучувајќи го подземниот дел 25 километри и тече јужно од Бранде-Хернеркирхен во округот Пинеберг.[1] Од таму тече кон запад, поминувајќи помеѓу Хоенфелд и Штајнбург, продолжувајќи кон југ, а подоцна кон југозапад низ Зидерауердорф, Аудорф и Зидерау. Од Зидерау тече кон северозапад кон Кремпе, каде прави свртување и повторно тече кон југозапад низ Кремпдорф и Борсфлетербител, каде прави свртување кон север, поминувајќи низ Борсфлет, каде се влева и во Штер.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-11. Посетено на 2014-12-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]