Копривштица
Изглед
| Копривштица Копривщица | |
|---|---|
| град | |
Изглед од градот | |
| Местоположба на Копривштица во Бугарија | |
| Координати: 42°38′24.52″N 24°21′29.87″E / 42.6401444°N 24.3582972°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Софија |
| Управа | |
| • Градоначалник | Бојка Дјулѓарова (ГЕРБ) |
| Површина | |
| • Вкупна | 139,165 км2 (53,732 ми2) |
| Надм. вис. | 1.060 м |
| Население (2022) | |
| • Вкупно | 2,039 |
| • Густина | 15/км2 (38/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| поштенски број | 2077 |
| Повик. бр. | +359 07184 |
| Мреж. место | koprivshtitsa-bg.com |
Копривштица (бугарски: Копривщица) — историски град во Софиска Област, Бугарија. Покрај градот тече реката Тополница, а во близина се наоѓа планината Средна Гора. Познат е по тоа што е еден од центрите на Априлското востание од 1876, автентичната бугарска преродбеничка архитектура и фестивалот за народна музика. Копривштица се наоѓа на 111 км источно од главниот град Софија.
Забележителности
[уреди | уреди извор]- Ослекова куќа (1853-1856), денес Етнографски музеј
- Бенковска куќа (1831) - куќата на револуционерот Георги Бенковски
- Каравелова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Љубен Каравелов
- Каблешкова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Тодор Каблешков
- Дебељанова куќа (1830) - куќата на поетот Димчо Дебељанов
- Љутова куќа (1854) - куќата на трговецот Петко Љутов
- Герова куќа (1810-1835) - куќата на преродбеникот Најден Геров
- Црква „Успение Богородично“ (1817)
- Црква „Свети Никола“ (1839)
- Мемориал „20 април“ (1926)
- Калачев мост (1813) - познат и како „Мост Прва Пушка“ за тоа што овде е објавено Априлското востание
- Читалиште „Хаџи Ненчо Палавеев“ (1869)
- Училиште „Свети Кирил и Методи“ (1837) - првото класно училиште во бугарските земји
- Улица на занаетите
Личности
[уреди | уреди извор]- Георги Бенковски, револуционер
- Љубен Каравелов, револуционер и писател
- Димчо Дебељанов, поет
- Тодор Каблешков, револуционер
- Најден Геров, преродбеник
- Неофит Рилски, преродбеник
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на Копривштица (англ.) Архивирано на 14 октомври 2007 г.
- Галерија на Копривштица
|