Каравелова куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каравеловата куќа

Каравеловата куќа е куќа-музеј во бугарскиот град Копривштица.

Каравеловата куќа претставува архитектонски ансамбл од 3 куќи, најстарата е изградена во 1810 година, и е позната као „Зимната куќа“. Втората зграда, изградена во 1820 година е склад за чување на колбаси како суџук и луканка (карактеристички за Бугарија). Третата зграда, позната како „Летната куќа“, е завршена во 1835 година.

Во овие куќи живееле писателот и револуционер Љубен Каравелов и политичарот Петко Каравелов.