Средна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Средна Гора
Средна гора
014 Dal Middelgebergte vanuit tempel Thraciërs.jpeg
Поглед од ридот од тракиското светилиште крај Старосел кон Средна Гора
Највисока точка
Надм. вис.1.604 м
Географија
Место Бугарија
Матичен венецСредна Гора
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Средна Гора (бугарски: Средна гора) е планински масив во Централна Бугарија, кој се наоѓа јужно од планинскиот ланец Стара Планина. Средна Гора се протега од реката Искар на запад и до свиокот на Тунџа северно од Јамбол на исток. Средна Гора е долга 285 км, достигнувајќи најголема ширина од 50 километри. Нејзиниот највисок врв е Голeм Богдан со 1604 метри.[1]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Неколку различни ридови ја поврзуваат Средна Гора со Старопланински ланец - Г’лбец, Козница, Стражата и Межденик, а ридовите Шумнатица и Шипочан ја поврзуваат планината со Рила. Средна Гора се состои од три дела. Границите на одделните делови минуваат по клисурите на реките Тополница и Стрјама. Деловите на кои е поделена планината се „Ихтиманска Средна Гора“, „С'штинска Средна Гора“ и „Срнена Гора“.

Од Средна Гора извираат реките „Тополница“, „Луда Јана“, „Пјас'чник“, „Рахманлиска“, „Омуровска“ и „Сазлика“. За Средна Гора се карактеристични широки ливади и пасишта. Планина е позната по воите прекрасни листопадни шуми од бука и даб, а исто така габар, јасен, јавор и бреза. Средна Гора има значителни резерви на бакарна руда (Мини Асарел Медет, Мина Елешница, Мина Радка и др.) и е богата со минерални извори - Хисарја, Стрелча, Панаѓуриште и Бања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пенин Р. "Природна география на България", София, изд. Булвест 2000, 2007, стр. 180-184.

Поврзано[уреди | уреди извор]