Каблешкова куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каблешковата куќа

Каблешковата куќа е куќа-музеј во бугарскиот град Копривштица.

Каблешковата куќа е изградена во 1845 година од неимарот Генчо Младенов. Карактеристична е со својот симетричен дизајн, елегантната форма и големиот салон на вториот кат со високи прозорци. Нејзините тавани, врати и кабинети се одлично резбани.

Во ова куќа е роден бугарскиот револуционер Тодор Каблешков кој во 1876 година го дигнал Априлското востание со првата пушка на Калачевиот мост во центарот на Копривштица.