Кнежевство Фирстенберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грофовија Фирстенберг, Кнежевство Фирстенберг
Grafschaft Fürstenberg, Fürstentum Fürstenberg
вазален
Wappen Zaehringer.png
1218 – 1408
 


Грб

Територии на Фирстенберг во 1806 година
Главен град Фирстенберг
Јазици алемански
Уредување кнежевство
Историски период среден век
ран нов век
 -  гроф Егино IV Урах
го наследил Церинген
1218
 -  поделена на
Фирстенберг и
Волфах
1408

Фирстенберг (германски: Fürstenberg) — грофовија, а подоцна и кнежевство, на Светото Римско Царство во Швабија, денес во јужниот дел на Баден-Виртемберг, Германија. Со него владеела династијата Фирстенберг.

Историја[уреди | уреди извор]

Грофовијата се појавила кога Егино IV, гроф на Урах кога се оженил, при што наследил големи делови од Војводството Церинген по смртта на војводата Бертолд V во 1218 година, и првично била наречена Грофовија Фрајбург. Внукот на Егино, грофот Хајнрих започнал да се нарекува себеси по неговата резиденција, замокот Фирстенберг, околу 1250 година.

Грофовијата била поделена во 1284 година помеѓу себе и долната грофовија Дилинген и повторно во 1408 година помеѓу Фирстенберг-Фирстенберг и Фирстенберг-Волфах.

Во текот на вековите, различни грофови и кнезови ги прошириле своите територии кон Ландгрофовијата Бар, Господствата Гунделфинген, Хаузен, Хајлигенберг, Хевен и Мескирх и Ландгрофовијата Штилинген во Германија; како и имоти околу Кршивоклат (германски: Pürglitz), Бохемија, Тавиковице (германски: Taikowitz) во Моравија и Вајтра во Австрија.

Во 1667 година, Фирстенберг-Хајлигенберг била издигнато во кнежевство и добило глас во Рајхстагот. Во 1744 година, неколку територии на Фирстенберг биле повторно обединети како Кнежевство Фирстенберг-Фирстенберг, откако сите гранки освен една на династијата исчезнале.

Во 1806 година, Рајнскиот Сојуз го распуштил Фирстенберг. Поголемиот дел од територијата била дадена на Баден; помали делови биле доделени на Виртемберг, Хоенцолерн-Зигмаринген и Баварија.

Географија[уреди | уреди извор]

До 1806 година, Фирстенберг имала површина од 20.000 км2 и население од 100.000 жители. Главен град бил Донауешинген.

До 1789 година, територијата се состоела од пет поголеми одвоени делови, како и на неколку помали ексклави. Петте поголеми делови биле:

Помали ексклави ги вклучувале градовите Трохтелфинген и Хајинген.

Грофови на Фирстенберг (1250-1408)[уреди | уреди извор]

  • Хајнрих I (1250–1284)
  • Фридрих I (1284–1296)
  • Хајнрих II (1296–1337)
  • Конрад III (1337–1370) со...
  • Хајнрих IV (1337–1366) со...
  • Јохан II (1337–1365) со...
  • Хајнрих VI (1365-1408)

Земји на Фирстенберг[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]