Кајмак и мармалад
„Кајмак и мармалад Kajmak in marmelada“ | |
---|---|
Режисер | Бранко Ѓуриќ |
Сценарист | Бранко Ѓуриќ |
Главни улоги | Бранко Ѓуриќ Драган Бјелогрлиќ Тања Рибич Игор Самобор |
Музика | Саша Лошиќ |
Кинематографија | Свен Пепеоник |
Монтажа | Миран Миошиќ |
Премиера | 2003 |
Времетраење | 98 минути |
Земја | Словенија |
Јазик | словенечки, српско-хрватски (хрватски, српски, бошњачки) |
Кајмак и мармалад (словенечки: Kajmak i marmelada) — филмска комедија од 2003 година за врската помеѓу Бошњак и Словенка, иако филмот започнува со објаснување за стигматизираното малцинство од кој било народ. Дејството се одвива во Словенија.
Ликови
[уреди | уреди извор]- Бранко Ѓуриќ како Божо, невработениот човек од Босна и Херцеговина, кој пие пиво и гледа фудбал.
- Тања Рибич како Шпела, негова сопруга, Словенка која го сака, но по неколку караници решава да си замине.
- Драган Бјелогрлиќ како Горан, злосторничкиот пријател на Божо кој му ја наоѓа работата на Божо кога тој ќе побара помош од него.
Заплет
[уреди | уреди извор]Шпела, млада Словенка живее со босанско-херцеговскиот дечко Божо. Таа е вработена додека Божо е невработен и повеќе сака да седи дома, да пие пиво и да гледа телевизија. Откако Шпела го напушта Божо поради неговата мрзливост и немање волја да најде работа и се враќа кај нејзините родители, тој бара помош од својот пријател Горан и се вработува како имитатор на Мики Маус на месниот панаѓур. Случајната средба со Шпела ја остава помалку од воодушевена поради едноставноста на работата која за нејзе и изгледала смешна. Неволно, Божо ја прифаќа понудата на Горан за работа која вклучува шверц на нелегални иселеници од Словенија во Италија.
Сепак, Горан ги губи нервите пред да пристигне во Италија - што не останува незабележано од неговиот шеф откако иселениците ќе ги пронајде полицијата. Откако го измамил шефот, Горан е претепан, но нему и на Божо им се нуди втора шанса: заедно со двајца насилници, треба да заплашат гостилничар кој престанал да плаќа пари за заштита. Случајно, таму била и Шпела која го прославувала роденденот на нејзиниот татко. По првичното изненадување таа вербално го нападнала Божо дека им се придружил на злосторниците, но веднаш е малтретирана од еден од насилниците. Кога го видел тоа, Божо го напаѓа со шише, предизвикувајќи го другиот да извади пиштол и да го застрела Божо.
По овој инцидент, насилниците се уапсени, Божо е пренесен во болница, а Горан уште еднаш е претепан. Откако закрепнува од раните, Божо размислува да се самоубие, но се предомислува. Шпела се враќа кај него и му кажува дека е бремена. Филмот завршува со Божо, Шпела и нивната ќерка кои сега се среќно семејство.
Издавање и прием
[уреди | уреди извор]При прикажувањето на филмот во словенечките кина биле продадени 125.000 билети и моментално го држи словенечкиот рекорд по домашна посетеност на филмот.
Бранко Ѓуриќ за филмот ја добил наградата Голема златна ролна.
Бранко Ѓуриќ ѝ е сопруг на Тања Рибич во вистинскиот живот. Улогата на ќерката на Божо и Шпела ја толкува нивната ќерка Зала Ѓуриќ-Рибич.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кајмак и мармалад на Семрежната филмска база на податоци (англиски)