Прејди на содржината

Катерина Сфорца

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Катерина Сфроца)
Катерина Сфроца
Дама на Имола
Грофица за Форли
Катерина Сфроца
Роден(а)1463
Милано
Починал(а)28 maj 1509 (46)
Фиренца
Благородно семејствоДинастија Сфорца
Сопружник(ци)Џироламо Ријарио
Џакамо Фео
Џовани Медичи Пополано
ТаткоГалеацо Марија Сфорца
МајкаЛукреција Ландријани

Катерина Сфроца ( 1463 - 10 мај 1509) била грофица од Форли и дама од Имола како вонбрачна ќерка на Галеацо Марија Сфорца. Таа е една од најпознатите жени во италијанската ренесанса. Таа исто така била и регент на нејзиниот прв роден син Отавијано.

Како потомок на династија Сфорца, Катерина од рана возраст се одликувала со нејзината храброст за заштита на нејзиниот имот од можните узурпатори, и да ја брани својата територија од напад, бидејќи постојано била инволвирана во политички интриги, кои биле одлика во 15 век во Италија. Поради нејзините успешни одбрани, таа го добила прекарот "La Tigre" (Тигарот).

Нејзиниот татко, војводата Галеацо Марија Сфорца бил убиен во Миланската катедрала, а нејзиниот брат Џан Галеацо починал во Павија. Првиот нејзин сопруг бил убиен за време на востанието а бунтовниците го влечеле неговото тело низ улиците.

Во нејзиниот приватен живот Катерина била посветена на различни активности, како на пример експерименти во алхемијата и љубовта кон ловот и танцувањето.

Под притисок на Чезаре Борџија, таа морала да стане завореник на папата. По ослободувањето живеела во Фиренца. Во последните години од нејзиниот живот, таа му се довери на еден монах: "Se io potessi scrivere tutto, farei stupire il mondo" (Додека би напишала се, би го шокирала светот).

Биографија

[уреди | уреди извор]

Катерина Сфроца е родена во Милано. Се верува дека првите години од својот живот ги поминала со својата мајка. Нејзината мајка била секогаш покрај неа во клучните моменти од нејзиниот живот дури и нејзините последни години во Фиренца.

Во 1473 Катерина била свршена за Џироламо Ријарио, наводниот син на Паоло Ријарино, а според некои син на папата. Папа Сикст IV му дал на Џироламо да управува со Имола. По триумфалниот влез во Имола во 1477 година, Катертина заминала во Рим со нејзиниот сопруг каде живеела подолго време кај нејзиниот чичко. Следната година, во 1478 година ја родила нејзината ќерка Бјанка, а во следните девет години родила девет деца[1].

Во Рим, Катерина била почитувана како една од најубавите и елегантни аристократски жени. На Џироламо му била дадена значајна улога во водењето на папската политика. Моќта на нејзиното семејство постојано растело. Во 1480 година од страна на папата на Џироламо Ријарио му бил даден градот Форли. Тој започнал со негова обнова и со укинување на даноците. Но нивниот ѓживот се сменил нагло по смртта на папата на 12 август 1484 година.

По смртта на папата во Рим владеела анархија. Катерина во тоа време била во седмиот месец од својата бременост. И покрај тоа, таа ја преминала реката Тибар и ја окупирала Ангелската тврдина. Од друга страна кардиналите не сакале да присуствуваат на конклавот под закана од Катерина. Ситуацијата до изборот на новиот папа била мошне тешка во градот.

Советот на кардиналите му понудиле на Џироламо да го напушти градот а во замена да ги управува Имола и Форли и 8.000 дукати надомест. Џироламо ја прифатил понудата, а Катерина ја предаа тврдината и го напуштила градот заедно со нејзиниот сопруг.

Во Форли, законот и редот бил одржуван од страна на нејзниот чичко Лудовико Сфорца. По пристигнувањето во Форли тие разбрале дека за нов папа бил избран својот стар противник Папа Инокентиј VIII. И покрај тоа што останал да управува со градот, папата им ги намалил своите овластувања. Поради ова нејзиниот сопруг морал да воведе даноци во Форли создавајќи си непријатели.

По повеќе обиди, нејзниот сопруг бил убиен во 1488 година, а Катерина била затворена заедно со нејзините деца. Во овие моменти најмногу и помогнал Лудовико Сфорца кој заедно ги поразиле своите непријатели.

На 30 април 1488 година Катерина започнала да владее како регент на нејзиниот најстар син Отавијано Сфорца, кој бил признат како нов владетел на Форли, иако тој бил премногу млад за да владее. Првион чекор која го направила е да се одмазди за смртта на својот сопруг, Сепак, истата година се омажила со Џакамо Фео, кој бил убиен во 1495 година. Следната година се омажила за Џовани Медичи кој починал во 1498 година.

Во меѓувреме за нов француски крал бил избран Луј XII, кој започнал воен поход во Италија преку сојузот со Савоја, Венеција и папата. Како главна цел на папа Александар VI му била создавање на ново кралство на чие чело ќе стои неговиот син Чезаре Борџија. За таа цел тој издал була на 9 март 1499 година поништувајќи ги сите феудални владетели на земјиштето вклучувајќи ја и Катерина. Таа започнала да регрутира луѓе во војската. На 24 ноември Чезаре пристигнал во Имола каде ја зазел без борби. Кога пристигнал пред портите на Форли, Катерина го прашала на народот дали сакаат да го предаде градот без војување, на кое тие одбиле. Градот паднал на 12 јануари 1500 година.

Катерина била заробена и однесена во Рим, а подоцна пуштена по кое заминала за Фиренца каде починала во 1509 година.

  1. The Sforza and the Aragonese Архивирано на 5 октомври 2010 г. - Maike's History of Women and the History of Everyday Life - kleio.org