Прејди на содржината

Карпински вулкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карпински вулкан
Карпински вулкан на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1,345 м
Координати50°08′N 155°22′E / 50.13° СГШ; 155.37° ИГД / 50.13; 155.37
Географија
МестоПарамушир, Курилски Острови, Русија
Геологија
Видвулкански конус
Последен избувноември 1952
Јужен остров Парамушир, Курилски синџир, Русија

Карпински вулкан (руски: Вулкан Карпинского) — активен стратовулкан, кој претставува група сплотени вулкански конуси во северните Курилски Острови, во областа Сахалин во Русија. Тој е најјужниот дел од серијата вулкани на островот Парамушир и е дел од Карпинскиот гребен[1]. Околу 80 километри од него е изграден градот Северо-Курилск[2]. Вулканот е именуван по Александар Карпински, руски геолог, претседател на Руската академија на науките[2].

Висината на вулканот е 1345 метри, а основата е 15 километри. Се состои од два, речиси сплотени вулкански конуси со еден кратер. Вулканот има голема купа со пречник од 5 километри и длабочина од околу 700 метри[1][3]. На внатрешната страна на источната падина, на надморска висина од 1100 - 1200 метри се наоѓа мар, плиток експлозивен кратер со стрмни ѕидови, опкружен од тефра.[2][4]. Се одликува со бројни, интензивно активни солфатари[5].

На надворешната страна од источниот падина на купата, на височина 1200 метри се наоѓаат два големи конуси, формирани во доцниот плеистоцен или почетокот на холоценот[4][5]. На првиот има активен кратер со фумароли и внатрешен конус во форма на потковица. Тој исто така пројавува солфатарна активност, во процесот на кој се формираат фонтани од течен сулфур со висина до 2 метри. И температура до 80 °C. Тие формираат сулфурни конуси до висина до 5 метри. Нејзините падини се пресечени од античките ледници и циркони. На падините на вториот конус течат потоци од андезитска и базалтска лава[5].

Вулканот е составен од андезитски и базалтски материјал. Според истражувачите, формирањето на вулканот било завршено во доцниот плеистоцен и почетокот на холоценот[2].

Вулканот денес

[уреди | уреди извор]

Единствената позната ерупција на вулканот се случила на 5 ноември 1952 година[4]. Ерупцијата се случила во форма на слаби, поединечни експлозии. Активности на вулканот биле забележани и во 1846, 1953, 1973 и 2004 година[2]. Денес се забележува фумалорна и топлинска активност во кратерите и падините[1].

Во случај на силна ерупција, потенцијална опасност претставува главно лавините потоци и евентуалната вулканска пепел. Во овој случај, градот Северо-Курилск би бил во ризична состојба во дијамета од 80 километри.