Вулканска купа
Вулканска купа (вулкански конус) — елементарен облик на вулкански релјеф. Претставен е со возвишување настанато со таложење на пирокластичен материјал и изливање на лава при вулканските ерупции. На неговиот врв се наоѓа отвор во облик на инка кој се нарекува кратер. Големината на купата, нејзиното создавање и разорување зависат од неколку чинители, на прво место од ерупцијата и интензитетот и траењето на вулканската работа. Кај купата се разликуваат апсолутна и релативна висина. За вулканите е поважна релативната висина, т.е. висината од подножјето на купата до нејзиниот врв. На пример вулканот Чимборасо е висок 6.272 метри, но купата има само 2.400 метри.
Поделба
[уреди | уреди извор]Купите може да бидат прости или сложени. Простите се состојат од едно правилно возвишение, најчесто во облик на заоблен конус. Сложените купи се асиметрични, неправилни и имаат два или повеќе кратери. Тие понатаму може да се поделат на „споредни вулкански купи“ (помали и помлади купи кои настанале во средиштето на поголем и постар кратер) и „паразитски“ (бочни, адвентивни) вулкански купи кои се јавуваат на боковите на вулканите и настануваат при прскање заради притисокот.
Кај мешаните вулкани се развиваат стратовулкански купи со наизменично таложење на растресит материјал и лава.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Петровић Д. и Манојловић, П. (2003): Геоморфологија, Географски факултет, Београд
|