Кадилница

Кадилница[1][2], кандилка[3][4] или кадило[5][6] — сад што се користи за согорување на благомирис (мирисливи материи; во христијанството тоа е темјанот). Се користи во многу религии — таоизмот и будизмот (во Кина и Јапонија), хиндуизмот (во Индија) и христијанството (почесто кај православните), а ги користеле и други антички цивилизации како што се Маите, на пример.
Кадилници во православието
[уреди | уреди извор]Тоа се рачни садови за принесување кадење на Бога и служат за кадење на иконите и луѓето. За време на богослужбите во храмовите, како и за време на молитвите во домовите, се користи кадилница, која во христијанската симболика го претставува човештвото преку Исус Христос: жарот е божество, додека чадот е добар мирис на Св. Дух. Црковните отци сведочат за темјанот како пропратен чин, нагласувајќи дека на тој начин се почитуваат светите икони. Со кадењето на верниците се примаат нивните молитви и се делат осветувања кои доаѓаат невидливо како и мирисот на темјанот[7].
Опис
[уреди | уреди извор]Кадилницата често била со тело со ѕвончеста форма, со тесно заоблено дно, што нагоре во вратот нагло мешесто се проширува во отвор, широко подаден нанадвор. На дното има испакнат широк конусен дел со шуплив завршеток, дел низ кој е проврена алка за која под вижно виси крстот. Декорацијата на садот се состои од додадените делови кои едновремено имаат и функционална намена. Декорациите зависат од местото на изработка. Круната е стилизирано претставена и на неа се наогаат алките, за кои преку поголеми кукачки се прикачени синџирите. Трите синџира, под агол на стеснување нагоре, се прикачени за капакот со куки, за дупчињата направени на самиот раб од венецот на капакот. Капакот е мал, со кубеста форма во две нивоа, со венец подаден нанадвор и со поголема алка на врвот за при качување на кадилницата. Таа се прикачувала на таван или на ѕид пред икона и висела слободно во просторот. Кадилниците од бакар биле лиени или ковани, изработувани главно од кујунџин златари. [8]
Домашни кадилници
[уреди | уреди извор]Кадилниците во домот најчесто се рачно изработени, направени од земја или метал и се со различни облици во согласност со христијанскиот дух. Во кадилницата се става жар од дрво (јагленот има непријатен мирис), а на жарот се става благомирис кој шири пријатен мирис. Бидејќи во градовите често нема жар, за замена на жарот се користи специјална брикета во прстени.
Кадилницата и жарта во неа ја симболизираат жестоката љубов кон верата и топлината на христијанската душа. Мирисот на темјан ја симболизира благодатта на Светиот Дух. Кадилницата се користи при секоја молитва. Домаќинот кади, држејќи ја кадилницата во десната рака и со неа прави знак на крст. Се кадат прво постарите, а потоа помладите. Кадилницата се чува на свечено место во куќата[9].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Отворена кадилница пред да се стави темјан.
-
Ставање темјан во кадилницата за кадење.
-
Кадилница од манастирот Љубостиња (XIV век).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „кадилница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадилница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кандилка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кандилка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Церовић Н. (2014) Говор крста, Изложба у Народни музеј у Београду
- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 114, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
- ↑ „Шта све један православни дом треба да има - Кадионица, жар и тамјан[[:Предлошка:Ботовски наслов]]“. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 14 јули 2015. URL–wikilink conflict (help)