Историја на фудбалот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Во XVII век во Фиренца се играл еден вид на фудбал

Најраните податоци за игри со топка се забаежани околу 200 год. пр. н.е. во Кина, каде што постоела игра слична на денешниот фудбал. Кинезите таа игра ја нарекувале Цу чу (трад. 蹴鞠 или 蹴踘; пинјин: cù jū), а целта била да се издрибла противникот со кожна топка и истата да се уфрли низ отвор широк околу 40 см.


Старите Грци и старите Римјани исто така играле игри со топка и во некои од тие игри се употрбувале нозе. Римскиот писател Кикерон опишал еден случај на човек кој бил убиен додека го бричеле кога топка удрила во берберницата. Се смета дека римската игра Harpastu била создадена врз основа на тимската игра позната како "επισκυρος" (episkyros) спомената од Антифанес (388-311 год. пр. н.е.) и подоцна од Клемент Александриски. Се мисли дека оваа игра била слична на денешното рагби.


Модерниот фудбал настанал во Англија, а првите топки според некои податоци биле отсечените глави на заробениците. Кралот Едвард III ја забранил оваа игра во 1365 год. поради нејзиниот насилен карактер, но и поради тоа што играта на војниците им одземала време од вежбите за стрелаштво. Сепак, играта била популарна и понатаму се ширела.


Првите организирани натпревари биле масовни конфронтации помеѓу тимови составени од жители на два или три градови, а головите биле поставени на оддалеченост и до 50 км. Околу 1801 год. фудбалските правиле биле усовршени, тимовите морале да имаат ист број на играчи, а фудбалскиот терен не смеел да биде подолг од 70,9 м. Самата игра била нешто измеѓу рагби и фудбал и играта била груба. Во наредните години правилата на играта се менувале сè додека не дошло до конечно разграничување на овие два спорта и основањето на првиот фудбалски сојуз на 26 октомври 1863 год. Осум години покасно, во 1871 год. и рагбито добива свој сојуз и почнува да се развива независно.


Бројот на играчите во играта се движел меѓу 15 и 20, а зависел од местото на играње. Сегашното правило за 11 играчи формално било донесено 1870 год. и вообичаено било да се игра со 9 офанзинвни и 2 дефанзивни играчи. Голманот бил воведен во околу 1880 год., како еднинствен играч кој смее да игра со раце.

Први фудбалски клубови и сојузи[уреди | уреди извор]

Цртеж од весник од првиот натпревар меѓу двата национални тимови (Шкотска и Англија) одржан 1872 год.

Првот фудбалски клуб Sheffield F.C., кој денес е активен и се смета за најстар фудбалски клуб на светот, бил формиран 1857 год. во Шефилд, Велика Британија. По овој, биле формирани и други фудбалски сојузи, помали и поголеми, во Англија. Овие случувања биле претходница на основањето на фудбалскиот сојуз на 26 октомври 1863 год. кога во Лондон се собрале претставниците на 11 најголеми фудбалски клубови и го формирале првиот фудбалскиот сојуз. Името на сојузот било Football Association (Фудбалска асоцијација), а сите тимови кои ги почитувале нивните правила биле наречени тимови на асоцијацијата или во кратка форма "assoc" . Поради тоа и денес фудбалот во некои делови на Велика Британија и Северна Америка се нарекува "soccer".


Први меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]

Фудбалот во следните години се ширел и надвор од Англија, на европскиот континент, а потоа и пошироко. Постепено биле формирани повеќе национални сојузи, а во 1904 год. формирана е и светската фудбалска федерација ФИФА (Fédération Internationale de Football Association). Формирањето на оваа федерација овозможило одржување на меѓународни натпревари и првиот меѓународен натпревар бил одигран меѓу Англија и Шкотска во 1872 год. Во 1902 год. во Виена бил одигран прв таков натпревар надвор од Велика Британија, а играле Австија и Унгарија.

Прв натпревар со натпреварувачки карактер, или Светско првенство, било одржано во 1930 год. во Уругвај. Домашниот тим ја победил Аргентина во финалето со 4:2. На ова светско првенство учествувале 13 нации.

Фудбалот во Македонија[уреди | уреди извор]

Фудбалот, или "футболот", како што ја нарекувале оваа игра во Македонија во времето на нејзиното актуелизирање, започнал да се развива во почетокот на XX век. Во 1919 год. биле основани фудбалските клубови: „Македонија“, „Напредок“, „Сингелиќ“, а во 1920 год. клубовите „Вардар“ и „Југ“. Во 1922 била формирана ФК Беласица од Струмица, а една година подоцна и фудбалскиот клуб „Тиверија“ од истиот град. Првиот Скопски "лоптачки" потсојуз бил формиран во 1927 год. Десетина години покасно бројот на фудбалски клубови пораснал на 55, а броел над 2500 членови.

Поврзано[уреди | уреди извор]