ФК Тиверија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тиверија)
Целосно имеФудбалски клуб Тиверија
ПрекариАјакс
Основан1923
СтадионСтадион Благој Истатов
(Капацитет: 9,200)
ЛигаТрета македонска лига - Исток
2019/20
(недовршена)
Трета лига - Југоисток, 5. од 11 места
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

ФК Тиверија — фудбалски клуб од Струмица. Клубот настапува во Третата македонска лига - Југоисток.


Раководство

  • Претседател: Илија Панов - Шкуљ
  • Тренер: Александар Георгиев
  • Стадион"Младост - Струмица"
  • Прекар: "Ајакс"
  • Клупска боја: Црвена
  • Адреса: ул „Ѓуро Салај“ бб, Стадион „Младост“,2400 Струмица
  • e-mail> fc.tiverija@gmail.com

Историја

Формирање на клубот

Спортското друштво Тиверија е формирано во далечната 1923 година, и минатата 2023 година прославуви јубилеј 100 години од формирањето.

Според некои податоци и сеќавања од постарите навивачи на Тиверија спортското друштво е формирано пред Беласица во 1921 година. Но тогашните српски власти, со оглед на тоа што иницијаторите за формирање на новиот клуб биле членови на тогашното работничко движење, ја попречувале и отежнувале работата, клубот официјално бил регистриран на 13ти февруари 1923 година. Како основачи на Тиверија се спомнуваат: Ристо Заев-Зајакот, Љамо Џатев, Благој Карабакочев-Барбата, Мито Маџиров, Ристо Вртев-Сликарот, Глигор Дрваров и Ѓорги Тангачев. За секретар на клубот бил избран Борис Нецев. Интересно е што на своето прво гостување во Солун 1924 година фудбалерите патувале со запрежни коли.

Името Тиверија

Името на клубот низ годините останало исто и никогаш не се менувало. Потекнува од старото име на градот Струмица кој во римскиот период се среќава под името Тивериопол. Во средниот век градот имал две имиња. Едното било Тивериопол кое се употребувало во византиската администрација и во христијанската црковна традиција, а второто било денешното име Струмица кое го употребувале Словените.

Првото игралиште

Неколку години по завршувањето на Првата светска војна во Струмица фудбалот земал сè поголем замав. Постоеле повеќе маалски клубови, кои своите натпревари ги играле на зелените ливади во градот и надвор од него. Вреди да се одбележи дека првото официјално игралиште на Спортското друштво Тиверија уште со самото основање било направено веднаш зад стадионот Младост на местото каде што денес се наоѓа АД Грозд – Струмица.

Првите натпревари

Во првите неколку години по формирањето фудбалерите на Тиверија играле натпревари со месниот соперник Беласица, со Кожуф од Гевгелија формиран 1922 година, Брегалница од Штип формирана 1921, со гарнизонот на војската во Струмица каде што отсекогаш воен рок служеле добри фудбалери, а подоцна и со новоформираните клубови Брегалница од Делчево, Овче Поле од Свети Николе, Слога од Виница, Плачковица од Радовиш, Малеш од Берово и др.

Сепак највозбудливи и најинтересни натпревари биле оние со Беласица на кои секогаш присуствувале и по неколку илјади гледачи, независно дали биле првенствени или пријателски.

Во последните неколку години фудбалскиот клуб "Тиверија" беше во многу тешка финансиска состојба и на работ на своето егзистирање, но сега работите во клубот се променети, се работи стручно и организирано и од клубот се надеваат на успешна сезона и враќање во втора лига. Во месец февруари 2006 година беше одржано годишно изборно собрание на кое беше избран нов управен одбор и ново претседателство. За нов претседател на местото на дотогашниот успешен претседател и поранешен голман на Тиверија г-дин Ѓорги Димитриевски е избран градоначалникот на општина Струмица г-дин Зоран Заев.

Настапи на клубот

ФК Тиверија настапувала во прва и втора Македонска лига во склоп на поранешна СФРЈ.

По осамостојувањето: Втора МФЛ и Трета лига - Источен Регион

Во сезоната 2009/2010 Фк Тиверија го освои второто место во рамките на III лига исток

Младинска школа на клубот

Од август 2007 година, во клубот започнала да работа и пионерско-младинската школа на ФК Тиверија под раководство на координаторот на школата Ристо Секулов. Тренер на генерацијата 1996/1997- пионери е Дејан Ќосев. Тренер на кадетската и младинската екипа е Тони Атанасов. Во сезоната 2010/2011 Фк Тиверија настапува во сите категории во организација на ФФМ односно пионери, кадети и младинци. Во моментов школата на ФК Тиверија брои околу 150 члена во сите категории.

Прв Тим

Резултати на ФК Тиверија во сезоната 2010/2011

Пријателски натпревари:

  • 25.07.2010 Беласица-Тиверија 3:0
  • 31.07.2010 Кожуф-Тиверија 1:2
  • 31.07.2010 Тиверија-Кожуф 0:2
  • 14.08.2010 Беласица млади - Тиверија 0:6
  • Беласица - Тиверија 5:2

Кадети

Резултати на ФК Тиверија (кадети) во сезоната 2010/2011

  • 1 коло Куп натпревар: Тиверија - Миравци 2:0
  • 1 коло: Милано - Тиверија 8:0
  • 2 коло: Тиверија - Миравци 0:1

Младинци

Резултати на ФК Тиверија (младинци) во сезоната 2010/2011

  • 1 коло Куп натпревар: Тиверија - Миравци 1:2


  • 1 коло: Милано - Тиверија 4:0
  • 2 коло: Тиверија - Миравци 1:1 (Саздов)

Пионери

Резултати на ФК Тиверија (пионери 1996/97) во сезоната 2010/201

Пријателски натпревари

  • 28.07.2010 Акедемија Пандев - Тиверија 1:3
  • 05.08.2010 Тиверија - Акедемија Пандев 2:0
  • Тиверија - Акедемија Пандев 3:3

  • 1 коло: