Историски архив (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зградата во која е сместен архивот во Битола одделение на Државниот архив на Република Македонија.
Фрагмент од ракопис од Битола, пишуван на средновековен хебрејски јазик од XIII век, се чува во архивот во Битола.

Одделението на Државниот архив во Битола е основано во 1954 година како општински архив. Од 1990 година станува подрачно одделение на Државниот архив на Македонија. Одделението во Битола има надлежности над имателите во општините: Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен со вкупно 195 иматели.[1] Ова одделение работи во нова наменска зграда, на бул. „Први Мај“ бр. 55 во Битола.

Работата на одделението[уреди | уреди извор]

Решение за основање на Околискиот архив во Битола, донесено на седница на Народниот одбор на битолската околија, на 26 мај 1954 година.

Одделението располага со 916 фонда и 25 збирки. Најстариот документ е од 15 век (пергамент на стар еврејски јазик). Иако најголемиот број документи се од периодот по Втората светска војна, постои и архивски материјал со многу важни податоци за политичката, културната и стопанската историја на подрачјето на општините за кое е надлежно, како и пошироко за периодот до 1944 година. Читалната располага со 6 места за корисниците, а за нивна потреба се изработуваат ксерокс-копии.

Библиотеката располага со 3.823 книги, 163 наслови на списанија и 155 наслови на весници.

Изданија на Историскиот архив во Битола[уреди | уреди извор]

На полето на издавачката дејност Одделението Битола ги има објавено следниве публикации:

  • „Зборник на паднати борци од НОВ од Битолска околија” 1957 г.
  • „11 март 1943“ по повод егзодусот на Битолските Евреи 1957 г.
  • „Архив - Битола“ водич 1961г.
  • „Водич низ архивските фондови и збирки во Историскиот архив Битола“ 1978г.
  • „Зборник на одбрани документи за историјата на Битола 1941-1944“, 1984 г. (2 книги)
  • „Документи за ограбување на црквите“, 1985г.
  • Едицијата „Незаборавени“ за Трајан Велев - Гоце, Тодор Ангеловски - Строгов, 7 Македонска бригада и 9 дивизија, Елпида Караманди - Бисера, Киро Димитровски - Дандаро од 1986-1989 г.
  • „Спомени и биографии на илинденци“, 1993 г

Поважни фондови[уреди | уреди извор]

Поважни фондови на одделенито во Битола се:

  • „Градско поглаварство на град Битола“ 1921/1941 г
  • „НОО на Битолска област“ 1944-1945 г
  • „Грчко - Пелагониска митрополија Битола“ 1755 /1905 г
  • „Судските фондови“ од 1919 г
  • „Вакувската управа и муфтиството на битолскиот округ“ 1915- 1947 г.
  • Матични книги на родени, венчани и умрени од 1801 / 1962 г
  • Браќа Манаки 1898 / 1964 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 2016-01-15.