Историски архив (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зградата во која е сместен архивот во Струмица, кој е одделение на Државниот архив на Република Македонија.

Историскиот архив во Струмица е формиран во 1956 година, со назив Градски историски архив, а денес е одделение на Државниот архив на Република Македонија. Ова одделение работи во адаптирана зграда со читална, на ул. „27 Март“ бр. 2 во Струмица.[1] Територијалната надлежност на ова одделение е на Струмица, Берово, Ново Село, Пехчево, Василево, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

Работата на одделението[уреди | уреди извор]

Одделението располага со 453 фонда и 8 збирки, a работи со 225 иматели. Најстариот документ потекнува од 1882 г. и му припаѓа на фондот Евангелско-методистичка црква. Корисниците може да бидат услужени со ксерокопиран архивски материјал.

Поважни фондови[уреди | уреди извор]

Позначајни се фондовите за:

  • Народноослободителните и народните одбори во територијална надлежност на Одделението (1944-1962);
  • Банкарските, индустриските, земјоделско-шумарските, трговските и угостителските, сообраќајните и занаетчиските претпријатија и дуќани (1939-1959)
  • Коморите и стопанските здруженија (1945-1962)
  • Селските работни задруги (1947-1953) од Струмичка и Беровска околија
  • Занаетчиите и трговците (1920-1951)
  • Собранија на општините (1963-1990)

Од семејните фондови се издвојува фондот „Хаџи-Скерлеви” (1928-1958).

Наводи[уреди | уреди извор]