Историски архив (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зградата во која е сместен архивот во Велес, кој е одделение на Државниот архив на Република Македонија.

Архивот на Велес е формиран во 1954 година, а од 1951 година до 1954 година Архивското средиште функционирало како архивско одделение во состав на Народниот музеј на Велес. Одделението, како дел од Државниот архив на Република Македонија работи во нова наменска зграда со читална, на ул. „Наум Наумовски“ бб, во Велес.[1] Надлежно за следните општини: Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Одделението работи со 267 иматели на архивски материјал. Ова одделение располага со 538 фонд и 8 збирки.

Архивски фондови[уреди | уреди извор]

Најстарите документи потекнуваат од 1768 година. Позначајни архивски фондови се:

  • Архивските фондови на општините и општинските управи (1918 - 1941 година) и
  • Семејните фондови на трговските семејства Кицови и Хаџи Петрушеви (1800-1918 година) и повеќе лични фондови.

Активности на Архивот во Велес[уреди | уреди извор]

Одделението Велес подготви неколку изложби каде на јавноста и беше презентиран архивскиот материјал. Ова се насловите на изложбите:

  • „Документи за делувањето на Велешкиот партизански одред Димитар Влахов“,
  • „Револуционерното и творечко живеење на Кочо Рацин“,
  • „Животот и творештвото на Ордан Х. К. - Џинот“ и
  • „Велес во минатиот век“.

Од 1998 година има подготвено постојана изложба со наслов „Велес низ документи и фотографии“.

Наводи[уреди | уреди извор]