Искар (град)

Координати: 43°27′31″N 24°15′30″E / 43.458488° СГШ; 24.258317° ИГД / 43.458488; 24.258317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Искар
Искър
град
Искар is located in Бугарија
Искар
Искар
Местоположба на Искар во Бугарија
Координати: 43°27′31″N 24°15′30″E / 43.458488° СГШ; 24.258317° ИГД / 43.458488; 24.258317
ЗемјаБугарија
ОбластПлевен
ОпштинаИскар
Управа
 • ГрадоначалникИван Јолов (Републиканци за Бугарија)
Површина
 • Вкупна75,324 км2 (29,083 ми2)
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2022)
 • Вкупно3,291
 • Густина44/км2 (110/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5868
Повик. бр.+359 06516
Мреж. местоiskarbg.bg

Искар (бугарски: Искър) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Искар во Плевенската Област. Има население од околу 3.291 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа по долината во долниот тек на реката Искар во Дунавската Рамнина. Оддалечен е само на 32 километри западно од регионалниот центар Плевен и на 155 километри североисточно од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Смета се дека населбата била основана во почетокот на 17 век како селце со околу 20 куќи во близина на реката Искар. Била позната како Махалата, Горум Махала и Писаревска Махала. Во 1829 година било отворено ќелијно училиште, а во 1837 година била изградена црквата „Свети Димитар“ со верско училиште. Бугарскиот национален револуционер Васил Левски основал таен револуционерен комитет во селото во 1872 година. По ослободувањето на Бугарија, во 1897 година било изградено ново училиште со дополнителен кат додаден во 1924 година. Модерната училишна зграда била свечено отворена во 1999 година.

Селото Махалата било преименувано во Пелово со Указ бр.291 од 30 јули 1957 година во чест на починатиот партизан Пело Пеловски — министер и секретар на ЦК на БКП. Во 1978 година Пелово добило статуст на град. По падот на комунистичкиот режим во Бугарија во 1998 година со Указ бр.110 бил преименуван во Искар.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]