Иришки Венец
Иришки Венец | |
---|---|
Иришки Венец | |
Висина | 502 м |
Место | Србија |
Венец | Фрушка Гора |
Иришки Венец — врв на Фрушка Гора со надморска височина од 502 метри. Патниот превој се наоѓа на 451 метар надморска височина. Се наоѓа во општина Ириг во Војводина. Најблиската населба до врвот е гратчето Ириг.
Иришки Венец се наоѓа во централниот дел на планината, а во нејзина близина се хотелот Норцев, планинарскиот дом Војводина и ресторанот „Лугарница“. Ова е познато излетничко место, со добро одржуван паркинг и простор за кампување.
Овој врв е можеби попознат како највисокиот превој во Војводина, кој го поврзува 20 км оддалечениот Нови Сад, со делот од земјата јужно од него (Срем, Мачва, Подриње), како и со автопатот Белград-Загреб. Овој правец е многу важен и има ниво на магистрален пат. Затоа и самиот превој е многу важен - тука е раскрсницата на овој пат со Партизанскиот пат, кој се протега по целата должина од источниот до западниот дел на Фрушка Гора, од Банстол до раскрсницата со патот Визиќ - Нештин.
Пред Втората светска војна овде постоел центар за лекување туберкулоза, единствен помодерен за источниот дел на земјата.[1] Туристичкиот дом бил изграден во 1934 година, дом на друштвото Фрушка гора.[2][3]
На Иришки Венец се наоѓа споменикот „Слобода“, подигнат во 1951 година, во спомен на борците од НОБ, дело на вајарот Сретен Стојановиќ и споменикот на човечката негрижа, подигнат во 2010 година на иницијатива на еколошките организации.
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Иришки Венец на Ризницата ?