Индиски крокодил
Индиски крокодил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Crocodilia |
Семејство: | Crocodylidae |
Род: | Crocodylus |
Вид: | C. palustris |
Научен назив | |
Crocodylus palustris Lesson, 1831 | |
Распространетост на Crocodylus palustris |
Индискиот крокодил (Crocodylus palustris) познат и под името Ирански крокодил, Персиски крокодил или Мугер, живее во Индија, Пакистан и Шри Ланка. Го среќаваме и во некои делови на Бангладеш, Непал и Иран. Името Мугер е добиено според хинду зборот „магар“ што значи „водно чудовиште“[1][2].
Особености
[уреди | уреди извор]Најголемиот примерок во Британскиот Музеј е долг 12 стапки, но се смета дека некои индивидиуи растат и многу повеќе.[3]. Возрасните мажјаци растат 4-5 метри и тежат повеќе од 450 килограми[4].
Кај индискиот крокодил, родителите имаат голема улога. После парењето, мајката гради гнездо каде и положува јајцата (од 10 до 48) кои тежат околу 85 грама. Потоа го маскира и прикрива гнездото со песок или земја. За време на инкубацијата, која трае 55-75 дена, мајката е постојано околу гнездото за да го брани од грабливци. Наколку часа пред ведењето, малите крокодили испуштаат звуци кои се слушаат на неколку метри оддалеченост, наменети за мајката и таткото. Потоа, родителите го откриваат гнездото и дури понекогаш помагаат при ведењето, односно ги тркалаат јајцата. Малите крокодили веднаш ги пренесуваат во вода. Се случува таткото да заземе заштитничка улога и да го брани гнездото од останатите крокодили, па дури и од мајката. Родителите ги чуваат малечките за време од 1 или 2 години. Потоа, малите се препуштени сами на себе, но родителите се прилично толерантни на нивното присуство.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Индискиот крокодил може да се најде во Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Пакистан, Непал, јужниот дел на Иран и најверојатно во Индокина. Овој вид е единствениот вид на крокодил кој може да се сретне во Иран и Пакистан. Индискиот крокодил е најраспространетиот и најчестиот коркодил од трите вида на крокодили кои живеат во Индија. Го има во многу поголем број во земјата (а најверојатно и во околните земји) од многу поголемиот морски крокодил.
Во 1980-тите најголемата популација на диви крокодили живеела во резерватот Амараватхи во Тамил Наду, Јужна Индија, односно во реките Чинар, Тенар и Памбар. Бројот на единки се проценувал на 60 возрасни единки и 37 млади. Крокодилската фарма Амаравати Сагар е основана во овој регион во 1975 година и е најголемото одгледувалиште на крокодили во Индија. Јајцата се собираат од дивината во резерватот а потоа се чуваат на фармата каде се раѓаат младите крокодили. Истовремено се чуваат и до 430 единки. Стотици единки се враќаат во дивината кога ќе достигнат одредена возраст[5].
Живеалиште
[уреди | уреди извор]
Индискиот крокодил е претежно слотководен крокодил, што значи дека живее во езера, реки и мочуришта. Овие крокодили претпочитаат мирни и плитки води. Откриено е дека ги населуваат и вештачките резервоари и канали за наводнување. Понекогаш ги среќаваме и во солени води, односно во лагуните. Како и неговиот роднина, кубанскиот крокодил, адаптиран е повеќе за копнен живот, но од еколошки аспект посличен е со нилскиот крокодил. Се знае дека овој вид е доста подвижен на копно, и може да помине големи растојанија во потрага по поволно живеалиште. Индискиот коркодил може и да го брка пленот на копно на кратки растојанија. За време на сувата сезона, се кријат во дупки кои самите ги копаат.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Овој влекач е месојад и се храни со риби, други влекачи и мали цицачи како мајмуни на пример. Всушност, повеќето рбетници кои се доближуваат да пијат вода се потенцијален плен, кој лесно може да биде зграпчен и одвлечен во длабоката вода. Големите возрасни единки ловат и поголеми цицачи како елени, вклучувајќи го и 225 килограми тешкиот Самбарски елен, и 450 килограми тешкото Домашно водно бафало. Возрасните крокодили се во директна конкуренција за храна со тигарот. Тигрите можат и да ги уловат овие крокодили и претставуваат единствениот природен грабливец освен другите видови на крокодили.
Наводи
[уреди | уреди извор]- „Crocodylus palustris“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 9 мај 2006. Listed as Vulnerable (VU A1a, C2a v2.3)
- ↑ http://dictionary.reference.com/browse/mugger
- ↑ Britton Adam (2002) Crocodilian species list, retrieved 30 август, 2007 Crocodylus palustris
- ↑ Boulenger, G. A. (1890) Fauna of British India. Reptilia and Batrachia.
- ↑ Crocodilian Species - Marsh Crocodile (Crocodylus palustris)
- ↑ Andrews,Harry V., "Status and Distribution of the Mugger Crocodile in Tamil Nadu"[1] Архивирано на 23 ноември 2008 г.
|