Некеое време Шишкин живеел и работел во Швајцарија и Германија. При неговото враќање во Санкт Петербург, станува член на Дружината на подвижни уметнички изложби и на Друштвото на руски акварелисти. Исто така учестувал и на изложби при Академијата на уметностите, Сѐруската изложба во Москва (1882), Нижни Новгород (1896), и на Светската изложба во (Париз, 1867 и 1878 и Виена, 1873). Шишкиновиот метод на сликање е засован на аналитички проучувања на природата. Тој се прославил со своите шумски предели, но исто така бил и извонреден технички цртач и графичар.