Зина Креља

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зина Креља (Битола, 17 јануари 1925Скопје, 21 ноември 2004) била македонска оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Креља е родена во Битола на 17 јануари 1925 година. Потекнува од музикално семејство (мајка и била Нада Џамбазова – оперска певица)[3]. Пеење учела во Загреб, а вокалното образование го продолжила во Рим кај проф. Страчари. Во 1946 година дебитирала во Загреб со улогата на Виолета Валери во операта Травијата. Една сезона била ангажирана во Сараевската опера, а во Операта на МНТ, како еден од нејзините основачи била од 1947 до 1981 година. Во својата кариера остварила повеќе од 20 улоги. Настапувала и на концертниот подиум. Гостувала во музичките центри на поранешна Југославија, Бугарија, Романија, Швајцарија. Поседувала сугестивност и сензибилитет во изразот и сценски шарм. Добитничка е на голем број на награди и признанија, меѓу кои и на најголемата државна награда „11 октомври“[4]. Починала во Скопје на 21 ноември 2004 година[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915, 9789989613913. 
  2. Gripa na, avtori (1985). Makedonskiot naroden teatar: 1945-1985 : Drama, Opera, Balet. MNT. 
  3. Маринковиќ, Славко. I solzi za kreaciite na Zina: Zina/Rozina Krelja (1924-2004). Скопје. 
  4. Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола.. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 98-99. ISBN 978-9989-2783-0-3. http://www.nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=375:2009-11-25-09-35-37&catid=68:2009-10-25-07-54-14&Itemid=94. 
  5. ИН МЕМОРИАМ Почина оперската пејачка Зина Креља“, Дневник, 23 ноемри 2004 (посет. 22 мај 2010 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]