Травијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верди околу 1830 година

Травијата е опера во три чина на Џузепе Верди. Верди во оваа опера прикажува големо богатство на мелодијата и способноста на музичката карактеризација, со тоа што навлегол во проблематиката на оперскиот текст и ја отфрлил вообичаената шема на италијанското либрето. Претставувајќи ги своите оперски јунаци, со сите нивни добри и лоши особини, Верди отворено ја манифестирал нивната состојба и социјална положба. Либретото за оваа драма, на италијански е напишано од Франческо Марија Пјаве. Засновано е на La dame aux Camélias (1852), претстава адаптирана од романот на Александре Думас. Операта беше оригинално насловена Виолета, по главниот лик. За првпат оваа опера била изведена на 6 март 1853 во Ла Фениче во Венеција.

Улоги[уреди | уреди извор]

Улога Боја на глас Глумци на премиерата,
6 март 1853[1]
(Диригент: Гаетано Мареш)
Виолета Валери, куртизана сопран Фени Салвини
Алфред Гермонт тенор Лудовицо Грациани
Жорж Гермонт, татко на Алфред баритон Феличе Вареси
Флора Бервуа мецо-сопран Анина сопран Карлота Берини
Гастон, пријател на Алфред тенор Ангело Зулиани
Барон Дуфол баритон Франческо Драгон]].

Во неговата опера „Травијата“ Верди вметнал најмногу лирика. На потресен начин е прикажана трагедијата на куртизаната Виолета, вљубена во Алфред, која умира во моментот кога помислила дека сепак ја нашла среќата. Во оваа опера доминира мелодијата, со призвук на италијанскиот фолклор. Најдобро отсликување на душевните чувства покажува главниот лик Виолета.

Содржина[уреди | уреди извор]

Убавата куртизана Виолета, иако болна, ноќите ги минува на балови и пијанки. На еден бал се запознава со Алфред и веднаш ја чувствува неговата искрена љубов. Решаваат да живеат заедно, далеку од градот, во летната куќа на Виолета. Тука, се појавува таткото на Алфред, Жорж, кој бара Виолета да се жртвува и да го напушти син му, заради доброто име на семејството. Виолета, нерадо, прифаќа. Навреден од гестот, а без да ја знае вистината, Алфред ја наоѓа Виолета на балот кај Флора и пред сите ја навредува. Тој гест најжестоко го осудува татко му, а баронот Дуфол го предизвикува на двобој. Виолета и Алфред се разделени. Таа е тешко болна и во живот ја одржува само писмото од татко му на Алфред, кој ја моли за прошка и ветува дека ќе дојдат штом на Алфред ќе му заздрави раната добиена во двобојот. Конечно, Алфред и се враќа на Виолета. Таа е пресреќна, но само толку за да може да умре со насмевка на усните.

Литература[уреди | уреди извор]

  1. List of singers taken from Budden, Julian: The Operas of Verdi (Cassell), vol 2, p. 114.