Земјотрес во Драч (2019)
Датум | 26 ноември 2019. |
---|---|
Магнитуда | 6.4 |
Длабочина | 20km |
Епицентар | 41°23′N 19°28′E / 41.38° СГШ; 19.47° ИГД |
Зафатени земји/подрачја | Мамурас, Драч, Кодер-Тумане Албанија |
Вкупно штета | голема |
Цунами | не |
Последов. потреси | >500 |
Жртви | 51 починати
Драч: 25 мртви Кодер-Тумане: 25 мртви Љеш: 1 мртов Повеќе од 3000 повредени |
Земјотресот кај Драч во 2019 година бил со моментна магнитуда од 6,4 на околу 30 километри западно од Тирана, односно 7 километри северно од Драч во Албанија . Главниот земјотрес бил во 3.54 часот по месно време, на 26 ноември 2019 година.[1] Епицентарот на земјотресот бил во поширокото подрачје на селото Туман, а хипоцентарот на длабочина од 20 километри. Во земјотресот загинале 51 лице, а 3.000 биле повредени.[2][3]
Одлики
[уреди | уреди извор]Земјотресот е последица на сеизмички активности во зоната на конвергенција помеѓу евроазиската плоча и малата јадранска микроплоча . Имено, Јадранската плоча се движи во правец север - северозапад и се судира со евроазиската,[4] а на местото на судирот се јавува подвлекување . Околината на Драч лежи во Периадранската Низина, сеизмичка зона што ја опфаќа областа на западна крајбрежна Албанија. Во оваа зона доминираат постплиоценски коси навлаки .[5]
Последици
[уреди | уреди извор]Како последица на земјотресот во Драч и неговата околина, загинало 51 лице, а 3.000 луѓе биле повредени.[2][3] По главниот земјотрес, над 400 помали земјотреси, таканаречените афтершокови, ја погодиле областа околу Драч. Во текот на ноќта меѓу 27 и 28 ноември имало два посилни земјотреси во околината на Драч, со јачина од 4,2 и 4,7 степени.[6] Најсилниот последователен потрес бил со магнитуда 5,1, кој се случил во 10:52 часот по месно време, 28. ноември.[7][8]
</br>Главниот земјотрес, како и оние послабите земјотреси, се почувствувани не само во Албанија туку и во другите земји од регионот - Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од Србија.
Штета
[уреди | уреди извор]Земјотресот предизвикал големи материјални штети, најмногу во селото Тумане, како и во градовите Драч и Тирана . Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а за нив било обезбедено привремено сместување во училишта, хотели и спортски објекти.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „M 6.4 - ALBANIA - 2019-11-26 02:54:11 UTC“. www.emsc-csem.org. Посетено на 26 ноември 2019.
- ↑ 2,0 2,1 Vila, Janula (29 декември 2019). „Shuarja e 51 jetëve, orët e ankthit dhe shpresa për t'i gjetur gjallë, historitë tronditëse të 26 nëntorit, lëkundjet që shuan shumë ëndërra“. Dosja. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ 3,0 3,1 „EU Leads International Help to Albania Quake Recovery“. Voice of America (VOA). 2 декември 2019. Посетено на 2 декември 2019.
- ↑ „The Adriatic and the Aegean Plates“. eurasiatectonics.weebly.com. Посетено на 28 ноември 2019.
- ↑ Shyqyri, А; John, А; Stephen, H. „PROBABILISTIC SEISMIC HAZARD MAPS FOR ALBANIA“ (PDF): 2–4. Посетено на 27 ноември 2019. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ „Тло у Албанији не престаје да подрхтава, за два дана више од 40 земљотреса“. rts.rs. Посетено на 28 ноември 2019.
- ↑ „Још један снажан накнадни потрес у Албанији, грађани узнемирени“. rts.rs. Посетено на 28 ноември 2019.
- ↑ „Albania MLv=4.9“. www.seismo.gov.rs. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2019. Посетено на 28 ноември 2019.