Земјотрес во Србија (2010)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Земјотресот во Србија во 2010 година (исто така познат како земјотрес во Краљево) се случи на 3 ноември во централна Србија на само неколку километри од Краљево. Земјотресот бил со магнитута од 5,5 степени и максимален интензитет на Меркали од VI (силен). Потресот се почувствувал низ целата земја, вклучително и главниот град Белград, и во соседните земји. Две лица загинаа, а над 100 се здобија со полесни повреди.[1][2] Имаше 5.967 објекти кои претрпеа одредени оштетувања, 1.551 биле прогласени за небезбедни за употреба и бараат поправка, а 138 биле оштетени до крај.[3][4] Имало повеќе од 350 последователни потреси, вклучувајќи ја и магнитудата од 4,3 на 4 ноември.[5][6]

Позадина[уреди | уреди извор]

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени и се случил во 01:56 часот по месно време (00:56 UTC).[7] Епицентарот на земјотресот бил сместен на десет километри северно од Краљево кај селото Витановац. По земјотресот во Краљево прекинала струјата, телефонските линии и водоснабдувањето. Во регионот била прогласена вонредна состојба. Училиштата како и неколку десетици други објекти се запечатени додека инспекцијата не ги потврди како безбедни за употреба. Најголема штета е направена во близина на епицентарот, каде што се оштетени околу 70 отсто од зградите во селото Витановац. Владата на Србија издадала итна помош за храна и залихи и најави дека помошта за реконструкција ќе биде дадена од буџетската резерва бидејќи буџетот за итната помош веќе бил потрошен за опоравување од поплавите во текот на летото.[5][8] Најголем дел од штетите биле на постарите објекти.[9]

На северната фасада на манастирот Жича од 13 век се појави пукнатина. Српската влада барала помош од УНЕСКО за закрепнувањето.[10]

Две лица загинале во селото Грдица кај Краљево. Жртвите, брачен пар на возраст од 67 години, починале во нивниот дом кога покривот и бетонска плоча паднале врз нивниот кревет.[11]

Земјотресот бил силно почувствуван низ целата земја, вклучувајќи го и главниот град Белград, како и во Бугарија (причинета е штета во Белоградчик[12] и Романија.[13][14] Интензитетот бил ММ VI во Краљево и ММ IV во Белград.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „OCP Error page“. www.danas.rs. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2010-11-03.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2010-11-03.
  3. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Sto kuća za rušenje u Kraljevu“.
  4. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Za rušenje 138 objekata“.
  5. 5,0 5,1 Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Dan posle zemljotresa“.
  6. Novo podrhtavanje tla u Kraljevu
  7. „Earthquake kills couple in Serbia“. 3 November 2010.
  8. „NBS zadržala kamatnu stopu na 3,5 odsto“.
  9. „Glassrbije.org“. glassrbije.org.
  10. „Srbija traži pomoć Uneska za obnovu Žiče posle zemljotresa“. 29 November 2015.
  11. Bračni par stradao u zemljotresu u Kraljevu (Serbian), Blic, Архивирано од изворникот на 2010-11-06, Посетено на 2010-11-03CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „I u Bugarskoj šteta od zemljotresa“.
  13. „Doi morţi şi zeci de răniţi, în urma unui seism produs în Serbia. Cutremurul s-a simţit şi în România“.
  14. „5.6-Magnitude Earthquake Shakes Serbia, Bulgaria - Novinite.com - Sofia News Agency“.
  15. „M5.3 – Serbia“. Архивирано од изворникот на 2016-01-15. Посетено на 2017-08-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]