Прејди на содржината

Жан Митрев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жан Митрев
Роден 11 јануари 1961
Штип, Македонија Македонија
Занимање кардиохирург

Д-р Жан Митрев (роден на 11 јануари 1961 во Штип) - еден од најпознатите македонски кардиохирурзи.[1] Основач, сопственик и менаџер е на Специјалната болница „Филип Втори“.

Професионална биографија

[уреди | уреди извор]

Основно и средно училиште завршува во Штип, а од 1979 студира на универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје. Дипломира во 1985 година.[1]

Во 1983 бил на пракса на медицинскиот универзитет "Реина Софија" во Кордоба, Шпанија. Од 1985 до 1988 се вработил како лекар во одделот за итна служба и на одделението за општа хирургија во регионалната болница во Штип. Од 1988 до 1990 специјализирал (лекар асистент) на клиниката за кардиохирургија „РЕБРО“ на Медицинскиот универзитет во Загреб, каде во периодот 11.89 - 11.90: е на Магистратура на Медицински универзитет во Загреб. Тема: „Влијание на оперативната техника во хирушкото лекување на акутниот микарден инфаркт".

11.1990 - 12.1992: Асистент и научен асистент на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија
30.10.1992: Специјалистички испит по општа хирургија на mедицински универзитет, Скопје, Македонија
01.1993 - 09.1993: Асистент на клиниката за кардиохирургија во Лудвигсхафен, Германија
10.1993 - 09.1994: Асистент на клиниката за кардиоваскуларна хирургија, медицински универзитет, Цирих, Швајцарија
10.1994 - 06.1997: Самостоен хирург - оператер на клиниката за кардиоваскуларна хирургија во Herzzentrum, Франкфурт на Мајна, Германија
07.1997 - 12.1999: Раководител на оддел на клиниката за торакална и кардиоваскуларна хирургија на „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија
12.1999 - 12.2001: шеф (управник) на кардиохирургија - ЦВЗУ Скопје, Македонија
05.2001: Поднесен докторат од областа на кардиохирургијата на тема: „Вредноста на геометриската реконструктивна хирушка метода во лекувањето на постинфарктната аневризма на левата комора на срцето“
14.12.2001: Потврда од европскиот одбор на здружението за кардиоваскуларни хирурзи за признавање на стручна субспецијалистичка дејност како кардиоваскуларен хирург
01.2002: Директор на специјалната болница по кардиохирургија „Филип Втори“, Скопје
09.2002: Прием и промоција во академик во светската академија за наука „Платон“.

Стипендијант на:

09.1988 - 09.1991: Универзитет „Кирил и Методиј“, Македонија
10.1991 - 12.1991: „Jochan Wolfgang Goete Univerzitat“, Франкфурт на Мајна, Германија
01.1992 - 12.1992: „Deutsche Herzstiftung“, Германија
10.1993 - 09.1994: „Univerzitat“, Цирих, Швајцарија

Член во:

1991: Германско здружение за торакална и кардиоваскуларна хирургија
1993: Американски колеџ за ангиологија
2001: European Society for Arteficial Organs (ESAO)
2002: European Society for cardiothoracic surgery (EACTS)
2002: International society for minimally invasive cardiosurgery (ISMICS)

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]
05.2002: менаџер на годината од страна на центарот за развој на кадри од областа на менаџментот (МОТИВА)
08.2002: промовиран во академик - почесен член на академијата за наука „Платон“
27.08.2003: благодарница и статуетка за хуманист на годината - доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза.
07.11.2003: награда за меѓународен научник на годината од страна на „International Biographic Centre“, Кембриџ, Велика Британија
21.11.2003: награда Man Of The Year, 2003, ABI - American Biographical Institute, Inc.

Општествена и книжевна активност

[уреди | уреди извор]

Жан Митрев е познат по својата фасцинација за Античка Македонија. Како резултат на таа своја фасцинација, во 2012 година објавува збирка од 8 раскази за деца и возрасни насловена „Македонски приказни за Филип и Александар“.[2]

Во август 2011 избран е за еден од двајцата почесни претседатели на Светскиот македонски конгрес.[3]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Негов брат е ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Саша Митрев.

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 966. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. „„Кардиохирургот Жан Митрев ја промовираше својата прва книга". Архивирано од изворникот на 2012-07-01. Посетено на 2012-07-07.
  3. „Генерално собрание на СМК, Тодор Петров реизбран за претседател“[мртва врска], МРТ

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]