Ејвинд Леонардсен
| Ејвинд Леонардсен | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Ејвинд Леонардсен[1] | ||
| Роден на | 17 август 1970 | ||
| Роден во | Кристијансунд, Норвешка | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,77 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2007 (37 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 1989-1991 |
| 64 | (9) |
| 1992-1994 |
| 63 | (20) |
| 1994-1997 |
| 76 | (13) |
| 1997-1999 |
| 37 | (7) |
| 1999-2002 |
| 54 | (7) |
| 2002-2003 |
| 19 | (3) |
| 2004-2005 |
| 46 | (2) |
| 2006-2007 |
| 41 | (7) |
| Репрезентација | |||
| 1990-2003 |
| 86 | (19) |
| Раководител на екипите | |||
| 2009-2011 |
| ||
| 2012-2017 |
| ||
| 2018-2021 |
| ||
Ејвинд Леонардсен (роден на 17 август 1970, во Кристијансунд) — норвешки фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Познат по своето непрестајно и интелигентно трчање, Леонардсен бил играч кој можел да биде распореден на која било позиција во средниот ред.[2] Исто така, имал добро чувство за постигнување голови.[3]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Молде
[уреди | уреди извор]Сметан за млад и перспективен играч од средниот ред, во 1989 година бил купен од Молде.[4] Дебитирал во норвешката врвна лига на 30 април истата година, кога неговиот тим бил поразен со 1–0 на гостувањето кај Конгсвингер.[5] На 25 мај, го постигнал првиот гол во највисоката дивизија, во победата со 2-1 против Старт.[6]
Откако се етаблирал како еден од најдобрите играчи на Молде, во 1991 година бил прогласен за најдобар играч од средниот ред во норвешкото првенство.
Розенборг
[уреди | уреди извор]Во 1992 година, Леонардсен преминал од Молде во Розенборг за сума од 1.000.000 норвешки круни.[4] За овој клуб дебитирал во првенството на 26 април 1992, започнувајќи како стартер во победата со 2–0 против Лин Осло.[7] На 28 јуни истата година го постигнал својот прв гол, со кој го поставил конечниот резултат во успехот со 2–0 над Бран.[8] На 15 септември 1993 година, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, во победата со 3-1 на домашен терен над Австрија Виена во првиот натпревар од првата рунда.[9]
Во трите години поминати со клубот Леонардсен освоил три првенствени титули (1992, 1993, 1994), а во 1993 година повторно бил избран за најдобар играч од средниот ред.
Вимблдон
[уреди | уреди извор]На 8 ноември 1994 година, Леонардсен потпишал за англискиот клуб Вимблдон за сума од 700.000 британски фунти, со што станал најскапо платениот норвешки фудбалер во тоа време.[4] На своето деби за клубот, Леонардсен постигнал победнички гол во 90-тата минута во успехот со 4-3 над Астон Вила на Селхрст Парк.[4] Неговото влијание во англискиот фудбал било многу позитивно.[4] Поради неговите технички карактеристики, тој се сметал за контраст во однос на стилот на игра на Вимблдон, кој се базирал на долги додавања и прескокнување на средината.[10]
Во сезоната 1996-1997, Леонардсен бил од огромно значење за тимот.[11] Неговите настапи биле толку добри што менаџерот на клубот, Џо Кинар, изјавил дека фудбалерот би вредел најмалку 5.000.000 фунти во моментот кога би бил продаден.[11] Леонардсен го напуштил Вимблдон по завршувањето на споменатата сезона, откако одбил да го продолжи договорот, после 98 настапи и 16 гола за клубот.[4]
Ливерпул
[уреди | уреди извор]Леонардсен потоа како слободен играч му се приклучлил на Ливерпул. Менаџерот на „црвените“, Рој Еванс, редовно го вклучувал во составот во неговата прва сезона.[12] Дебитирал во дресот на Ливерпул на 15 октомври 1997 година, кога влегол на местото на Џејми Карагер во победата со 2–0 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во третата рунда од Лига купот.[13] Три дена подоцна, дебитирал за клубот во Премиер лигата во Мерсисајдското дерби против Евертон загубено со 2-0, заменувајќи го од клупата Патрик Бергер во 56-тата минута. Седум дена по тој натпревар, Леонардсен го постигнал првиот гол со екипата на Ливерпул во победата со 4-0 над Дарби Каунти.[14]
Сепак, по добрата прва сезона со 36 настапи и 6 гола во сите натпреварувања, во следната со доаѓањето на Жерар Улие на клупата на Ливерпул неговите настапи станале многу ограничени, па бил преселен дури и во резервниот состав.[3] Фактот што не бил играч од највисока класа го навел менаџерот Улие да размислува за негова продажба, што потоа навистина и се случило.[12]
Тотенхем
[уреди | уреди извор]Во август 1999 година, Леонардсен пристигнал во Тотенхем, зајакнувајќи ја скандинавската колонија во клубот веќе составена од сонародниците Штефен Иверсен и Еспен Бордсен како и данецот Алан Нилсен.[2] Леонардсен не чекал долго за да ги покаже своите квалитети во дресот на Спарс: уште истиот месец по пристигнувањето постигнал гол против Евертон во домашната победа со 3-2, а потоа го постигнал и голот со кој го поставил конечниот резултат 1–2 во корист на неговиот тим на гостувањето кај Шефилд Венздеј.[2][15] Голот против Венздеј бил прекрасен, добивајќи ја топката од Иверсен, тој брзо ја сменил насоката на движење преместувајќи си ја топката на левата нога со која шутнал многу прецизно и го совладал противничкиот голман со удар од работ на шеснаесетникот.[16] Со одличната форма, Леонардсен му помогнал на Тотенхем да се искачи на врвот на табелата по само неколку натпревари, но недостатокот на креативност во тимот ги принудил да завршат дури на 10-тото место.[2]
Втората сезона норвежанецот ја започнал добро, постигнувајќи погодок во натпреварот од второто коло на Премиер лигата против Мидлсбро во гости завршен со резултат 1-1.[2] Иако почетокот наговестувал плодна сезона за играчот од средниот ред, наместо тоа, тој имал првенство со мешани успеси: октомврискиот натпревар против Дарби Каунти бил симболичен за наведеното, затоа што во него Леонардсен постигнал два гола, но потоа морал да го напушти теренот поради повреда, останувајќи надвор од акција два месеци.[2] Тој се вратил во голгетерска форма во февруари 2001 година, помагајќи му на Тотенхем да се врати од два негатива и на крајот да го победи Чарлтон со 4-2 во натпревар од четвртата рунда на ФА купот.[2] Во следното коло на натпреварувањето, против Стокпорт Каунти, Леонардсен доживеал повреда поради која морал да пропушти голем дел од остатокот од сезоната.[2] Тој се вратил на време за полуфиналниот натпревар од ФА купот против Арсенал, заменувајќи го Лес Фердинанд во второто полувреме.[2] Сепак, тој не можел да помогне да се избегне поразот и елиминацијата од купот, по што Тотенхем, без мотиви во остатокот од сезоната, го завршил првенството повторно на средината на табелата.[2]
Иако бил важен член на тимот, под водството на Џорџ Греам, промената во менаџментот (со доаѓањето на Глен Ходл) го оставило надвор од теренот поради повреди.[2] Всушност, таа сезона тој одиграл само 7 натпревари во лигата, без постигнат гол.
Астон Вила
[уреди | уреди извор]На 30 август 2002 година, Леонардсен бил ангажиран од Астон Вила, откако претходно бил на проба во Шалке 04.[17] Тој потпишал едногодишен договор, со опција за продолжување на уште дванаесет месеци.[17] Менаџерот Греам Тејлор го сакал во тимот веќе 31-годишниот Леонардсен, за да додаде искуство во составот кој бил прилично млад.[17] Некои од својте најдобри моменти во дресот на Вила, Леонардсен ги имал во месец ноември 2002. Во натпреварот против Фулам на домашен терен добиен со 3-1, тој забележал гол и асистенција; при резултат 1-1, Леонардсен најпрво му асистирал на Маркус Албак во 66-тата минута за водство од 2-1, а потоа во 83-тата минута токму по додавање од швеѓанецот и самиот тој ја затресол мрежата за да го постави конечниот резултат.[18] Две недели подоцна, во следниот домашен натпревар, Леонардсен го повторил подвигот забележувајќи гол и асистенција во победата со 4-1 над Вест Хем Јунајтед.[19] Интересно е тоа што повторно двата гола биле плод на комбинација меѓу него и еден ист друг играч, Дариус Васел: најпрво Васел ослободувајќи се од тројца играчи на Вест Хем го пронашол Леонардсен во шеснаесттникот кој погодил од косо за 2-0, а потоа во завршницата Леонардсен со одлично додавање низ средината го пронашол Васел за тој да го постави конечниот резултат во натпреварот.[20] И покрај овие два одлични настапи, на крајот од сезоната договорот на Леонардсен не му бил продолжен, пред се како резултат на повредите поради кои пропуштил голем број натпревари во вториот дел од сезоната.[21] Заминувањето од Астон Вила, исто така, значело негово збогување со Премиер лигата после 9 последователни сезони во кои одиграл вкупно 186 натпревари и постигнал 30 гола.
Враќање во Норвешка
[уреди | уреди извор]На 25 март 2004, Леонардсен постигнал договор со екипата на Лин од Осло со што се вратил во татковината, потпишувајќи тригодишен договор.[22] Тоа претставувало значајно засилување за клубот, особено поради неговото меѓународно искуство.[23] Дебитирал на 12 април, кога го заменил Оле Бјерн Сундгот во поразот со 2–0 на гостувањето кај Молде.[24] На 6 јуни го постигнал својот прв гол, во гостинската победа со 4–2 против Фредрикстад.[25]
По две сезони во дресот на Лин, на 12 декември 2005 година, Леонардсен потпишал двегодишен договор со Стремсгодсет добивајќи ја веднаш капитенската лента на клубот.[4][26][27] Неговиот избор да го напушти Лин, екипа која била во врвот на норвешкиот фудбал, и да премине во Годсет, кој настапувал во Првата дивизија, било примен во јавноста со големо зачудување.[4] Фудбалерот објаснил дека бил воодушевен што станал дел од екипа која требало да се изгради и дека фактот што клубот играл во формација 4-3-3, наместо 4-4-2 како Лин, бил дополнителен поттик.[4] Стремсгодсет, под водство на тренерот Даг-Ејлев Фагермо и Јостеин Фло како спортски директор, сепак изградил конкурентна екипа со цел веднаш да обезбеди промоција.[4] Леонардсен дебитирал на 9 април 2006, како стартер во ремито 1-1 против Хед.[28] На 23 април го постигнал својот прв гол, во победата со 3-2 против Фоло.[29] Екипата го освоила првенството и обезбедила промоција, a тој придонел за успехот со 29 настапи и 6 гола.
Тој одиграл уште една сезона, помагајќи му на Стремсгодсет да се задржи во највисоката дивизија, по што се пензионирал.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Леонардсен одиграл 86 натпревари и постигнал 19 гола за Норвешка.[30] Дебитирал на 31 октомври 1990, кога бил стартер во пријателскиот натпревар добиен со 6-1 против Камерун.[31] На 14 ноември го одиграл првиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 1992: повторно бил во почетниот состав во победата со 3-0 на гостувањето кај Кипар.[32] На 8 август 1991, го постигнал својот прв гол во дресот на репрезентацијата, во поразот со 1–2 од Шведска, во пријателски натпревар одигран во Осло.[33] Во квалификациите за Светското првенство 1994, тој и помогнал на скандинавската репрезентација да се квалификува придонесувајќи со 6 настапи и еден гол. На 8 септември 1993 година, го добил признанието Gullklokka за 25-тиот настап за репрезентацијата, во пријателската победа со 1-0 против САД.[34]
На „Мундијалот“ во САД, Леонардсен дебитирал како стартер во првиот натпревар од групната фаза, кој Норвешка го добила со 1-0 против Мексико.[35] Понатаму тесниот пораз од Италија и нерешениот натпревар без голови против Ирска (Леонардсен ги одиграл и нив од почеток до крај), сепак го спречиле пласманот на Скандинавците во следната фаза. Репрезентацијата потоа доживеала нов неуспех, не можејќи да се пласира на Европското првенство 1996.
Сепак, навивачите ширум Норвешка набрзо повторно можеле да бидат среќни, кога репрезентацијата се квалификувала за Светското првенство 1998. Норвешка лошо го започнала турнирот и одиграла само1 нерешено 2–2 во првиот натпревар против Мароко, при што Леонардсен имал многу разочарувачки настап.[36][37] Поради тоа, тој не бил во составот за следниот натпревар, против Шкотска.[37] Сепак, тој се вратил во тимот за последниот натпревар од групната фаза, во кој Норвешка изненадувачки го совлада Бразил со 2–1.[38][39] Потоа, репрезентацијата била елиминирана од Италија во осминафиналето.[40]
Леонардсен учествувал и во квалификациите за Европското првенство 2000, каде што Норвешка успеала да се квалификува. Сепак, селекторот Нилс Јохан Семб објавил дека фудбалерот нема да учествува во завршната фаза на турнирот, бидејќи штотуку се опоравил од повреда.[41][42] Тоа не било неговиот крај во репрезентацијата, бидејќи тој учествувал и во следните два квалификациски циклуси за Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004, но Норвешка на ниту едно од двете не се квалификувала. Откако на 22 мај 2003 година, го постигнал својот последен гол за репрезентацијата во победата со 2-0 над Финска, на 7 јуни 2003 го одиграл и својот последен натпревар во поразот со 1-0 од Данска во Копенхаген.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]- Розенборг
- 1992, 1993, 1994
- Куп на Норвешка : 1
- 1992
Поединечни
[уреди | уреди извор]- 1991, 1993
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Øyvind Leonhardsen на Фудбалскиот сојуз на Норвешка (на норвешки)
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 https://www.sporting-heroes.net/football-heroes/displayhero_club.asp?HeroID=52847. Занемарен непознатиот параметар
|titlе=(help); Занемарен непознатиот параметар|lаnguaге=(help); Занемарен непознатиот параметар|datе=(help); Отсутно или празно|title=(help) - 1 2 „Oyvind Leonhardsen“ (англиски). Архивирано од изворникот на 7 март 2016. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|data=(се препорачува|date=) (help); Занемарен непознатиот параметар|dead=(help) - 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 „Øyvind "Leo" Leonhardsen“ (норвешки). Архивирано од изворникот на 13 октомври 2006. Занемарен непознатиот параметар
|editore=(help); Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help); Занемарен непознатиот параметар|data=(се препорачува|date=) (help) - ↑ „Kongsvinger - Molde 1 - 0“ (норвешки). fotball.no. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help); Занемарен непознатиот параметар|data=(се препорачува|date=) (help) - ↑ „Molde - Start, IK 2 - 1“ (норвешки). fotball.no. 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Rosenborg - Lyn, SFK 2 - 0“ (норвешки). fotball.no. 11 мај 2011. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2014. Посетено на 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Rosenborg - Brann, SK 2 - 0“ (норвешки). fotball.no. 11 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2014-10-11. Посетено на 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) - ↑ „UCL 1993-1994, First round - Rosenborg - Austria Wien 3-1“. UEFA. 15 септември 1993. Посетено на 6 септември 2026.
- ↑ „Whatever Happened To Oyvind Leonhardsen?“ (англиски). footballfancast.com. 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) [мртва врска] - 1 2 „Football: Leonhardsen enhances his rising value to Wimbledon“ (англиски). independent.co.uk. 12 мај 2011.
- 1 2 „Øyvind Leonhardsen“ (англиски). =lfchistory.net. 11 мај 2011. Архивирано од изворникот на 16 септември 2013. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „West Bromwich Albion 0 - 2 Liverpool“ (англиски). lfchistory.net. Архивирано од изворникот на 1 март 2011. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help); Занемарен непознатиот параметар|data=(се препорачува|date=) (help) - ↑ „Liverpool 4 - 0 Derby County“ (англиски). lfchistory.net. 11 мај 2011. Архивирано од изворникот на 1 март 2011. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ Dave Hadfield (11 мај 2011). „Football: Leonhardsen points way“ (англиски). independent.co.uk.
- ↑ „Scandinavian Spurs“ (англиски). web.mac.com. 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) [мртва врска] - 1 2 3 „Villa sign Leonhardsen“ (англиски). bbc.co.uk. 6 мај 2011.
- ↑ „Villa too strong for Fulham“ (англиски). BBC Sport. 9 ноември 2002. Посетено на 7 септември 2026.
- ↑ „Aston Villa - West Ham United 4-1“.
- ↑ „Villa sink sad West Ham“ (англиски). BBC Sport. 23 ноември 2002. Посетено на 7 септември 2026.
- ↑ „https://www.theguardian.com/football/2003/feb/25/newsstory.sport10“ (англиски). The Guardian. 25 февруари 2003. Посетено на 7 септември 2026. Надворешна врска во
|title=(help) - ↑ Eivind Aarre (6 мај 2011). „Leo klar for Lyn“ (норвешки). adressa.no. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Øyvind Leonhardsen“ (норвешки). 11 мај 2011. Архивирано од изворникот на
|archive-url=requires|archive-date=(help). Занемарен непознатиот параметар|editore=(help); Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help) - ↑ „Molde 2 - 0 Lyn“ (норвешки). altomfotball.no. 7 мај 2011. Архивирано од изворникот на 10 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Fredrikstad 2 - 4 Lyn“ (норвешки). altomfotball.no. 7 мај 2011. Архивирано од изворникот на 10 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Leonhardsen klar for Godset“ (норвешки). bt.no. 24 март 2006. Посетено на 29 септември 2019.
- ↑ „Våre lagkapteiner gjennom årenes løp“ (норвешки). godset.no. 19 јули 2012. Архивирано од изворникот на 24 октомври 2013. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Strømsgodset 1 - 1 Hødd“ (норвешки). altomfotball.no. 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Strømsgodset 3 - 2 Follo“ (норвешки). altomfotball.no. 11 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Øyvind Leonhardsen - International Matches“ (англиски). rsssf.com. 12 мај 2011.
- ↑ „Norge - Kamerun 6 - 1“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 21 јуни 2012. Посетено на 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Kypros - Norge 0 - 3“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011.
- ↑ „Norge - Sverige 1 - 2“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 5 јули 2012. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Norge - USA 1 - 0“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 10 мај 2012. Посетено на 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Norge - Mexico 1 - 0“ (норвешки). 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 10 мај 2012. Посетено на 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help); Занемарен непознатиот параметар|publsiher=(се препорачува|publisher=) (help) - ↑ „Norge - Marokko 2 - 2“. fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 5 јули 2012. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help); Занемарен непознатиот параметар|lаnguage=(help) - 1 2 „Norvegia, tre novità a centrocampo“. gazzetta.it. 12 мај 2011.
- ↑ „la Norvegia sorprende tutti“. 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|puiblisher=(се препорачува|publisher=) (help) - ↑ „Norge - Brasil 2 - 1“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 10 мај 2012. Посетено на 12 мај 2011. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help) - ↑ „Norge - Italia 0 - 1“ (норвешки). fotball.no. 12 мај 2011. Архивирано од изворникот на 5 јули 2012. Посетено на 29 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар
|urlmorto=(help) - ↑ „Leo's pain gain“. Тотенхем Хотспар. 6 август 2000.
- ↑ „Premiership stars in Norway squad“. BBC Sport. 29 мај 2000.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ејвинд Леонардсен на soccerway
- Ејвинд Леонардсен на transfermarkt
- Ејвинд Леонардсен на ESPN
- Ејвинд Леонардсен на whoscored