Рони Јонсен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Норвешка Рони Јонсен
Ronny Johnsen.jpg
Лични податоци
Роден на 10 јуни 1969 (1969-06-10) (50 г.)
Роден во Сандефјорд, Норвешка
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција централен дефанзивец
Младинска кариера
Тонсберг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1991 Тонсбер 98 (24)
1992–1993 Лин 31 (7)
1994-1995 Лилестром 23 (4)
1995–1996 Бешикташ Бешикташ 22 (1)
1996-2002 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 99 (7)
2002-2004 Астон Вила Астон Вила 49 (1)
2004-2005 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 3 (0)
2005-2008 Волеренга Волеренга 59 (6)
Репрезентација
1991-2007 Норвешка Норвешка 25 (6)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Рони Јонсен (роден на 10 јуни 1969 во Сандефјорд) е поранешен норвешки фудбалер. Тој играл во центарот на одбраната или дефанзивен играч од средниот ред, но истотака многу често бил надвор од теренот заради неговите бројни повреди кој го измачувале низ неговата кариера.

Кариера[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Тој бил купен од страна на Манчестер Јунајтед во периодот кога настапувал за турскиот Бешикташ во 1996 година за сума од 1.2 милиони £. Во неговата кариера пред Бешикташ, тој професионално играл за два клуба во Норвешка, Лин од 1992 до 1993 и Лилестром од 1994 до 1995.

Додека настапувал во Манчестер Јунајтед, тој му помогнал на клубот да стигне до 4 титули во лигата (1997, 1999, 2000 и 2001), и еден ФА Куп во 1999 година. Тој, исто така, придонесе енормно за Манчестер Јунајтед да ја освои титулата во Лигата на Шампионите во 1999 година, а реванш натпреварот од полуфиналето во кој Манчестер Јунајтед издвојува победа над Јувентус, се смета дека била неговата најдобра партија во кариерата иако играл на позиција во средниот ред. Тој, исто така, го одиграл целиот натпревар и во финалето во Барселона, но овој пат на својата омилена позиција во центарот на одбраната, како партнер на Јап Стам. Покрај Лигата на Шампионите, Јонсен играл и во финалето на ФА Купот во истата 1999 година, но поради повреда, тој не бил на теренот кога црвените ѓаволи ја завериле лигашката титула во Премиер лигата во сезоната 1999-00 со победа над Тотенхем. Иако тој одиграл само 3 натпревари за време на оваа сезона и ги немал потребните 10 настапи за добивање на победнички медал, сепак тој го добил медалот наменет за шампионот преку специјално ослободување - слично на она што му било препишано на Дион Даблин за истата причина седум години порано. Следната сезона, Јонсен веќе ги исполнил критериумите за да се закити со четвртиот шампионски медал во англиската топ дивизија.

Играјќи за Манчестер Јунајтед, Јонсен постигнал осум гола во сите натпреварувања - а првиот дошол против Челзи во натпревар од ФА Черити Шилд во август 1997 година. Тој останал кај нив се додека неговиот договор не истекол на крајот на сезоната 2001-02, кога станал слободен играч.

Астон Вила и Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, Јонсен и колегата од Норвешката репрезентација Ојвинд Леонардсен биле на проби во германскиот тим Шалке 04. Но откако тој потег пропаднал, Јонсен потпишал со Астон Вила. За две години колку го носел дресот на Астон Вила, тој постигнал само уште еден погодок во лигата, против Лидс Јунајтед во февруари 2004 година. Откаку ја напуштил Вила, Јонсен потпишал за Њукасл Јунајтед, но таму одиграл само неколку натпревари пред да биде ослободен бидејќи во клубот биле загрижени околу неговите слаби резултати на фитнес тестовите.

Враќање во Норвешка[уреди | уреди извор]

Во февруари 2005 година, Јонсен го најавил своето пензионирање од професионалниот фудбал. Но сепак, набргу потоа тој се премислил и потпишувал едногодишен договор со норвешкиот клуб Валеренга. Подоцна тој го продолжи овој договор на три пати за да може да игра во следните сезони 2006, 2007 и 2008.

На 22 август 2007 година, тој имал извонреден и неочекуван кам-бек во норвешката фудбалска репрезентација, играјќи го целиот натпревар дома против Аргентина. Норвешка го добила тој дуел со 2-1.

Јонсен се простил од активното играње фудбал на 3 ноември 2008 година, по натпреварот од последното коло од сезоната (2008) во кој Валеренга била поразена од Бран со 1-0.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Јонсен бил дел од норвешкиот национален тим кој настапил на Светското првенство 1998 и има вкупно 62 настапи за својата земја.

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Норвешка Валеренга[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]