Ентерококи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ентерококи
Enterococcus histological pneumonia 01.png
Enterococcus sp. инфекција во белодробно ткиво
Научна класификација
Домен: Bacteria
Оддел: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Lactobacillales
Семејство: Enterococcaceae
Род: Enterococcus
(ex Thiercelin & Jouhaud 1903)
Schleifer & Kilpper-Bälz 1984
Видови[3]

Ентерококи (Enterococcus) е голем род на млечно-киселински бактерии кој припаѓа на коленото Firmicutes. Тие се Грам-позитивни коки кои често се јавуваат во парови (диплококи) или во облик на кратки ланци, па затоа морфолошки многу наликуваат на стрептококите.[4] Два вида се чести коменсали во цревната микрофлора на луѓето: E. faecalis (90–95%) и E. faecium (5–10%).

Физиологија и класификација[уреди | уреди извор]

Ентерококите се факултативно анаеробни бактерии, односно, тие се способни за клеточна респирација во средина со или без кислород.[5] Иако не се способни за формирање ендоспори, тие се толерантни на разни екстремни услови: широк температурен опсег (10-45 °C), широк опсег на pH вредности (4.5–10.0), и високо ниво на салинитет.[6]

Ентерококите обично покажуваат алфа-хемолиза на крвен агар.[7]

Историја[уреди | уреди извор]

Членовите на родот Enterococcus (од грчки έντερο, éntero, "црево" и κοκκος, coccos, "зрнце") долго време беа класифицирани како група D стрептококи; се до 1984 година, кога геномските ДНК анализи не укажаа на фактот дека станува збор за посебен род.[8]

Еволуција[уреди | уреди извор]

Овој бактериски род се претпоставува дека еволуирал пред околу 425-500 милиони години.[9]

Патологија[уреди | уреди извор]

Клинички инфекции предизвикани од Enterococcus вклучуваат: инфекции на уринарниот тракт, бактериемија, бактериски ендокардит, дивертикулит, и менингит. Видовите кои се осетливи на антибиотици се третираат со: ампицилин, пеницилин и ванкомицин.[10] Уринарните инфекции можат да бидат третирани со нитрофурантоин, дури и во случаи на ванкомицин-резистенција.[11]

Од медицинска гледна точка, важна карактеристика на овој род е високото ниво на интринзична антибиотска резистенција. Некои видови ентерококи се отпорни на β-лактамски антибиотици (пеницилини, цефалоспорини, карбапенеми), како и многу аминогликозиди. Во последните две децении, се развиле особено вирулентни соеви на Enterococcus, отпорни на ванкомицин (ванкомицин-отпорни ентерококи или VRE) посебно при нозокомијални инфекции на хоспитализирани пациенти. VRE може да се третираат со quinupristin/dalfopristin (Synercid) со стапка на излекување околу 70%.[12]

Ентерококниот менингит е ретка компликација при неврохируршки интервенции, при што третманот е со интравенозна или интратекална апликација на ванкомицин, со се уште дискутабилен исход на овој тип на терапија.[13]

Новите епидемиолошки докази покажаа дека ентерококите се главен инфективен агенс кај хроничниот бактериски простатит. Ентерококите во простатата формираат биофилмови, поради што нивното искоренување е тешко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 1,36 1,37 1,38 1,39 1,40 1,41 1,42 1,43 1,44 1,45 1,46 1,47 1,48 1,49 1,50 Parte, A.C.. Enterococcus. „www.bacterio.net“. http://www.bacterio.net/enterococcus.html. 
  2. LPSN bacterio.net
  3. LPSN entry for Enterococcus
  4. Gilmore MS, уред (2002). The Enterococci: Pathogenesis, Molecular Biology, and Antibiotic Resistance. Washington, D.C.: ASM Press. ISBN 978-1-55581-234-8. 
  5. Gram-Positive Pathogens. ASM Press. 2000. ISBN 1-55581-166-3. 
  6. The ecology, epidemiology and virulence of Enterococcus. „Microbiology“ том  155 (Pt 6): 1749–57. јуни 2009 г. doi:10.1099/mic.0.026385-0. PMID 19383684. 
  7. Sherris Medical Microbiology (4th издание). McGraw Hill. 2004. стр. 294–5. ISBN 0-8385-8529-9. 
  8. Transfer of Streptococcus faecalis and Streptococcus faecium to the genus Enterococcus nom. rev. as Enterococcus faecalis comb. nov. and Enterococcus faecium comb. nov.. „Int. J. Sys. Bacteriol.“ том  34: 31–34. doi:10.1099/00207713-34-1-31. 
  9. Lebreton F, Manson AL, Saavedra JT, Straub TJ, Earl AM, Gilmore MS (2017) Tracing the Enterococci from Paleozoic origins to the hospital. Cell 169(5):849-861.e13. doi: 10.1016/j.cell.2017.04.027
  10. Pelletier LL Jr. (1996). „Microbiology of the Circulatory System“. Baron S. Baron's Medical Microbiology (4th издание). Univ of Texas Medical Branch. ISBN 0-9631172-1-1. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/bv.fcgi?rid=mmed.section.5077. 
  11. Nitrofurantoin is active against vancomycin-resistant enterococci. „Antimicrob. Agents Chemother.“ том  45 (1): 324–6. јануари 2001 г. doi:10.1128/AAC.45.1.324-326.2001. PMID 11120989. 
  12. In vitro activity of linezolid & quinupristin/dalfopristin against Gram-positive cocci. „Indian J Med Res“ том  120 (6): 546–52. PMID 15654141. 
  13. Guardado R; Asensi V; Torres JM; Pérez, F.; Blanco, A.; Maradona, J.; Cartón, J.. Post-surgical enterococcal meningitis: clinical and epidemiological study of 20 cases. „Scand. J. Infect. Dis.“ том  38 (8): 584–8. doi:10.1080/00365540600606416. PMID 16857599.