Едуар Жан Мари Стефан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едуар Жан Мари Стефан

Едуар Жан Мари Стефан (француски: Édouard Jean-Marie Stephan 31 август 183731 декември 1923) — француски астроном.

Роден во местото St Pezenne и се школувал во École Normale Supérieure, и дипломирал како прв во својата класа во 1862 година.[1]

Бил назначен за директор на Марсејската опсерваторија од 1864 до 1907 (до 1872 г. бил подреден на Ирбен Леврие).[2] Во почетокот на својата кариера, имал ограничени можности за набљудувања бдејќи бил презафатен со подобрувањето на опсерваторијата.[1] Во 1866 година го открива астероидот 89 Јулија.[1] Во 1867 година го користи новиот телескоп за да го набљудува преминот на Меркур.[1]

Во периодот меѓу 1870 и 1875, Стефан систематично ги проучувал маглините, со што прецизно ги одредил местоположбите и попатно открил уште многу нови маглини.[1] Неговата цел била да изнајде точно одредувањена вредностите за соодветните движења на ѕвездите со создавање на појдовен систем на статични објекти.[1]

Во 1873 година, Стефан бил првата личност која се обидела да го измери аголниот пречник на една ѕвезда со употреба на интерферометрија, на тој начин што 80 см телескоп во Марсејската опсерваторија го направил интерферометар.[3] Тој тоа го сторил на начин што одреден дел од стаклото на рефлекторот го покрил со маска на која имало два отвори.[4] Ѕвездата која ја избрал за својот опит била ѕвездата Сириус.[5] Но не успеал да добие резултат во кои би се набљудувал ѕвездениот диск,[4] но во 1874 година успева да ја добие горната граница на ѕвездените пречници од 0.158".[6]

Во 1882 година ја открил галаксијата NGC 6027 користејќи го 80 см рефлектор.[7]

Позначајни откритија се Стефановата петорка, познат и како „Arp 319“, група од 5 галаксии.[8] Стефан ова откритие го постигнал сом првиот телескоп на кој имало монтирано рефлекторско огледало.[9]

Во 1884 година Француската академија на науките го наградува со наградта prix Valz.[10] Неговото име се поврзува и со периодичната комета 38P/Стефан-Отерма, иако Жером Коџа ја забележал прв.

Откриени астероиди: 2
89 Јулија 6 август 1866
91 Егина 4 ноември 1866

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Steinicke, Wolfgang (2008) (на German). Nebel und Sternhaufen: Geschichte ihrer Entdeckung, Beobachtung und Katalogisierung - von Herschel bis zu Dreyer's "New General Catalogue". Hamburg. стр. 296–298. ISBN 978-3-8370-8350-7. http://books.google.com.au/books?id=WI76HPBKd2kC&pg=PA296&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=72#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  2. Hutchins, Roger (2008). British university observatories, 1772-1939. England: Ashgate Publishing Lmiited. стр. 248. ISBN 978-0-7546-3250-4. http://books.google.com.au/books?id=fRBsYFBC4MsC&pg=PA248&dq=%22edouard+stephan%22&cd=2#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  3. North, John David (2008). Cosmos: an illustrated history of astronomy and cosmology. University of Chicago Press. стр. 590. ISBN 978-0-226-59440-8. http://books.google.com.au/books?id=qq8Luhs7rTUC&pg=PA590&dq=%22edouard+jean-marie+stephan%22&cd=2#v=onepage&q=%22edouard%20jean-marie%20stephan%22&f=false. 
  4. 4,0 4,1 Dorminey, Bruce (2002). Distant wanderers: the search for planets beyond the solar system. New York: Springer-Verlag. стр. 123. ISBN 0-387-95074-5. http://books.google.com.au/books?id=Y9zKNGYbSpoC&pg=PA123&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=11#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  5. McLean, Ian S. (2008). Electronic imaging in astronomy: detectors and instrumentation. Springer. стр. 67. ISBN 978-3-540-76582-0. http://books.google.com.au/books?id=FGHhZf-k8SkC&pg=PT101&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=24#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  6. Richichi, Andrea; Delplancke, Francoise (2008). The power of optical/IR interferometry: recent scientific results and 2nd generation instrumentation. Springer. стр. 9. ISBN 978-3-540-74253-1. http://books.google.com.au/books?id=1d64yU0wxNYC&pg=PA9&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=30#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  7. „Seyfert's Sextet at SEDS.org“. конс. 2007-04-06. 
  8. Plotner, Tammy (2009). The Night Sky Companion: A Yearly Guide to Sky-Watching 2009. Springer Science. стр. 303. ISBN 978-0-387-79508-9. http://books.google.com.au/books?id=bTthlUmBQpAC&pg=PA303&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=15#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  9. Plotner, Tammy; Barbour, Jeff (2006). What's Up 2006 - 365 Days of Skywatching. Universe Today. стр. 274. ISBN 978-1-4116-8287-0. http://books.google.com.au/books?id=tLUFJ53HG8sC&pg=PA274&dq=%22edouard+stephan%22&lr=&cd=44#v=onepage&q=%22edouard%20stephan%22&f=false. 
  10. Prizes given by the French Academy. „The American Naturalist“ (U. of Chicago Press) том  18: 751. http://books.google.com/books?id=2KtLAAAAYAAJ&pg=PA751.