Доужкоин (Dogecoin)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Доужкоин (англиски: Dogecoin; знак: Ð) е криптовалута креирана од софтверските инженери Били Маркус и Џексон Палмер, кои одлучиле да го создадат овој систем на плаќање како “шала“, исмевајќи се на криптовалутите во тоа време. Двајцата одлучиле да ја направат првата “мим паричка“. Како мим (интернет шала) го избрале доуж (doge) мимот кој е составен од ликот на кучешката раса Шиба Ину, користејќи го името и сликата од мимот. Оваа криптовалута била представена на 6 декември 2013 година и за брзо време основала своја онлајн заедница. Таа достигнала капитал од над 85 милијарди долари на 5 мај 2021 година и е моментален спонзор на фудбалскиот клуб Ватфорд.

Dogecoin.com[1] ја промовира оваа криптовалута, и ги посочува нејзините “мим“ корења. Маркус и Палмер ја објавиле оваа криптовалута за да се исмеваат на Биткоинот. Со помош на интернет платформата Редит, криптовалутата почнала да расте и да собира многу обожаватели за многу кратко време.

Доужкоинот е базиран на Скрипт (Scrypt) алгоритам, и за да се потврди трансакција потребна е само 1 минута.

  1. Dogecoin. „Do Only Good Everyday“. dogecoin.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.