Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дом на Култура „Драги Тозија“
Ресенски сарај 2020 (3).jpg
Домот на култура, заедно со целиот Ресенски сарај
ЗемјаМакедонија
ТипДом на култура, библиотека
Основана1978
МестоРесен
Координати41°05′18″N 21°05′58″E / 41.08833° СГШ; 21.09944° ИГД / 41.08833; 21.09944
Други информации
ДиректорВаско Василевски[1]

Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен — културна установа во градот Ресен, која претставува центар на уметноста, музиката, книжевноста и целокупниот културен живот на граѓаните на целокупната Општина Ресен. Домот е сместен во Ресенскиот сарај на приземјето во неговото десно крило. Во рамките на установата е вклучена и Градската библиотека.[2] Установата е именувана според борецот во НОБ и подоцна државен функционер во Македонија, родум од Ресен, Драги Тозија.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Влезот на сарајот и називот на Домот на култура.

Домот на култура „Драги Тозија бил создаден“ во 1978 година.[4]

На 30 декември 2002 година, Владата на Македонија одлучила и го поставила Панде Кацкаровски за директор на установата.[5]

Активности[уреди | уреди извор]

Традиционално на 7 јули, на празникот Иванден односно на денот на раѓањето на Јован Крстител, Домот на култура ја организира манифестацијата „Иванка“.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Градската библиотека при Домот на култура


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Домот на културата „Драги Тозија" – носител на културните активности во Ресен“. prespainfo.com преку web.archive.org. 11 август 2018. Посетено на 9 јуни 2021.
  2. „Училишна библиотека“. ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно преку web.archive.org. Посетено на 9 јуни 2021.
  3. „Македонска енциклопедија“ (PDF). Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1491. Посетено на 9 јуни 2021.
  4. „ДОМ НА КУЛТУРАТА "ДРАГИ ТОЗИЈА" - РЕСЕН“. globusmagazin.mk преку web.archive.org. Посетено на 9 јуни 2021.
  5. „Службен весник на РМ бр.1/02“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 15 јануари 2003. Посетено на 9 јуни 2021.
  6. „Со манифестацијата „Иванка" во Преспа одбележано раѓањето на св. Јован Крстител“. Нова Македонија преку web.archive.org. 7 јули 2018. Посетено на 9 јуни 2021.