Драги Тозија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драги Тозија
Роден 4 октомври 1919(1919-10-04)
Ресен, Кралство СХС
Починал 19 март 1983(1983-03-19) (возр. 63)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Југословен, Македонец
Народност Македонец
Познат Партизан во НОБ
Занимање Политичар, државник, службеник на јавни положби

Драги Тозија (роден 4 октомври 1919 во Ресен - починат 19 март 1983 во Скопје) ― македонски партизан, политичар и општественик. Во негова чест, Домот на култура во Ресен го носи неговото име и презиме.

Историја[уреди | уреди извор]

Домот на култура во Ресен кој носи името на Драги Тозија.

Тој бил партизан во движењето на НОБ за време на Втората светска војна. Тогаш бил политички комесар на XII бригада и на XXXXI дивизија. По ослободувањето, бил полковник во ЈНА.[1] Во 1944 година во Битола, кога Тозија бил член во затворскиот комитет на Комунистичката партија на Македонија, била покрената иницијатива и било издадено делото „Наш пат“ кое било списание на политичките затвореници во Битолскиот затвор, објавено на македонски јазик.[2]

Тој држел високи фунции во Министерството за внатрешни работи, во Културно-просветниот собор на Собранието на Македонија. Воедно бил член на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Македонија. Дополнително, Тозија бил во други општествени и политички организации и тела. Драги Тозија бил еден од основачите на Радио-телевизија Скопје и служел како нејзин прв генерален директор од 1964 до 1967 година. Има работено како директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Македонска енциклопедија“ (PDF). Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1491. Посетено на 9 јуни 2021.
  2. „Македонска енциклопедија“ (PDF). Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1035. Посетено на 9 јуни 2021.